Каков ефект има вашето его врз вас според хороскопскиот знак?
Вага
Вагите секогаш имаат желба да му докажат на светот колку тие се вредни, прекрасни и посветени. Иако однадвор изгледаат како да не уживаат во пофалбите, однатре егото толку им расте и сјае, што по некое време ќе се релаксираат и ќе покажат дека тоа им значи.
Скорпија
Овој знак е воден од интелигенција и повторно раѓање. Скорпиите се луѓе со цврсто его, со повремени напукнувања кога некој погрешно ќе ги сфати. Ако сакате да сјаат, покажете им дека се сакани, заштитени и почитувани.
Стрелец
Стрелците сакаат да бидат учители, односно да имаат авторитет врз поголема група на луѓе. Охрабрете ги да зборуваат за нешта што ги сакаат и смејте се на нивните шеги, тоа многу им значи.
Јарец
Тие се толку посветени на работата и добрите резултати, што воопшто немаат време да размислуваат за егото. Помогнете им со тоа што ќе ги инспирирате, мотивирате и ќе придонесете во нивните чекори кон напред.
Водолија
Водолиите имаат силно его и нив не им треба некој тоа да им го потврдува. Тие не се плашат да ги испитуваат границите, а секогаш ќе помогнат на пријател во неволја. Ова ги држи приземјени, но и благодарноста која ја имате исто така им значи.
Риби
Овој знак е познат по тоа што се губи меѓу другите и се плаши дека не е доволно видлив. Затоа, на Рибите им требаат љубезни и инспиративни луѓе, кои ќе им помогнат самите да ги тестираат своите граници.
Е. Д. | Црнобело