Каков ефект има вашето его врз вас според хороскопскиот знак?
Егото е нешто што ни е потребно за да се бориме за себе и да преживееме и воопшто не е чудно што секој сака, помалку или повеќе, да сјае.
Астрологијата има исто така влијание врз тоа колкаво его има некој од претставниците на хороскопските знаци, но и колку тие дозволуваат егото да им влијае врз тоа каква личност се.
Проверете дали важи и за вашиот хороскопски знак тоа:
Овен
Егото на Овенот се полни со тоа што е препознатлив за другите поради добрите дела и тоа го прави многу горд. На Овните им се потребни семејството и пријателите за да ги охрабрат и наполнат со самодоверба.
Бик
Она што го полни егото на Бикот е неговата уметничка душа во секој можен аспект на животот. Тие имаат одлична смисла за мода и стил, сакаат луксуз, но најмногу од сè, сакаат искреност со која ги надминуваат и најтешките предизвици.
Близнаци
За да дојде нивното его до израз, треба сите рефлектори да бидат вперени кон нив и сите да ракоплескаат на нивниот интелект и начин на размислување. Единствено што Близнаците треба да научат е да го контролираат овој порив и луѓето навистина ќе им се воодушевуваат.
Рак
Ракот лесно се гордее дури и со најситните достигнувања, преку кои направиле добро и за себе и за други. Она што може да го сруши нивното его е сомнежот, тогаш губат и храброст и способност за трезвено решавање на проблемите.
Лав
Што и да прават, тие мечтаат дека сите околу нив ќе бидат воодушевени од тоа. Безрезервно им помагаат на оние кои им значат. Ако сакате да освоите Лав, тогаш не штедете ги своите пофалби и комплименти.
Девица
Да се има Девица како пријател, значи дека имате некого на кого можете да се потпрете доживотно. Нивните квалитети се гледаат во желбата да бидат тука за сите, а за истото сакаат и да бидат ценети.