Со што ги одбивате луѓето од себе – според хороскопскиот знак?
Како што постојат особини и постапки кои делуваат магнетски привлечни во туѓите очи, така има и карактеристики и дела што го предизвикуваат спротивниот ефект. А, што вели астрологијата на оваа тема?
Едни знаци се прекумерно самобендисани. На втори, пак, јазикот им е побрз од паметот, па не внимаваат на кого и што кажуваат. А, трети се толку ранливи и осетливи, што на другите им е страв да им проговорат.
Еве со што ги одбивате луѓето од себе – според хороскопскиот знак:
Oвен
Кажувате нешта пред добро да размислите за нив. Последиците се еден куп повредени луѓе во вашата околина. Иако не го правите тоа намерно, сепак искреноста ви е честопати брутална.
Бик
Цврсто се држите до личното мислење и не отстапувате од него по ниту една цена. Дури ни кога ќе ви докажат дека не сте во право, вам не ви паѓа на памет да попуштите со тврдокорниот став.
Близнаци
За волја на вистината, сакате да озборувате и прераскажувате муабети кои ви биле кажани во четири очи. Поради тоа луѓето лесно ја губат довербата во вас, мислејќи си дека истото ќе го сторите и со нивните тајни.
Рак
Важите за личност која лесно може човек да ја повреди и навреди. Луѓето околу вас имаат чувство дека доволен е само еден погрешен збор, за подоцна да се соочи со бурна реакција од ваша страна.
Лав
Вам ви е битно постојано да сте во центарот на вниманието. И честопати делувате пренапорно во туѓите очи и уши. Незадоволни сте кога целата просторија не ве слуша додека говорите, што набрзо почнува да им оди на живци на другите.
Девица
Ситничарите и до таа мера размислувате за непотребните детали, што неретко ги пропуштате далеку поважните работи. На нив воопшто не обрнувате внимание – а би требало.