Што предизвикува страв од љубовта кај секој хороскопски знак?
Љубовта некогаш ги влече од луѓето нивните најголеми стравови, а некои пак, се спречуваат себе да сакаат, токму поради страв од љубовта.
Aко досега не сте успеале да откриете што е тоа што ве плаши во љубовта, можеби астрологијата ќе ви помогне да го најдете одговорот:
Овен
Овните сакаат да се движат по побрзата лента, но и покрај тоа ги ценат своите независност и личниот простор. Нивниот најголем страв е дека личноста во која ќе се вљубат ќе им ја намали таа брзина на живеење и дека ќе пропуштат многу важни нешта поради тоа.
Овој знак не се плаши да сака, туку дека нема да најде личност која ќе може да го следи со иста брзина.
Бик
Биковите веќе си имаат зацртано како ќе им изгледа врската и се разочаруваат кога личноста од интерес не се поклопува со патот што го замислиле. Исто така, се плашат од губење на својата независност, но во исто време и сакаат да бидат сакани.
За волја на вистината, Биковите се вистински романтичари кои мечтаат за љубов која ќе биде дефиниција за стабилност.
Близнаци
Тие се непредвидливи и често се предомислуваат, но во исто време се и љубопитни и сакаат да знаат сè за личноста која им се допаѓа. Кога е во прашање љубовта, тие се плашат од прашањето „Дали оваа личност е навистина таа?“
Сепак, сонот да ја пронајдат таа личност никогаш не запира, па затоа не е лесно да се скротат Близнаците. Тие едноставно, не сакаат да сакаат некој кој не е добар за нив.
Рак
Раковите се грижливи и посветени, но се плашат да ја покажат својата чувствителност пред светот. Кога сакаат, сакаат со цело срце, без воопшто да размислуваат дека можат да бидат повредени.
Исто така, се плашат дека нивната љубов и посветеност нема да бидат ценети, се плашат од преголеми очекувања и се задоволуваат со просечна љубов.
Лав
Лавовите ја обожаваат љубовта, се вљубуваат и лесно наоѓаат личност од интерес со која експериментираат. Она што ги плаши е стравот од разочарување, односно дека некој ќе се покаже дека не е тоа што тие мислеле дека е.
Нивните стандарди се високи, се плашат дека ќе изберат погрешно и поради тоа се случува да одберат да бидат сами и да ги држат сите потенцијални партнери на дистанца. Сепак, најголем страв за еден Лав е дека ќе покаже емоции, кои ги има дури и повеќе отколку што може да издржи, како и дека партнерот прв ќе се „одљуби“ во врската.
Девица
Девиците го покажуваат оној дел од себе што сметаат дека е соодветен за пред луѓе. Често страдаат од комплексот на инфериорност и поради тоа прават дури и по неколку пресметки пред да се одлучат на чекор.
Имаат високи емоционални стандарди и сакаат да играат на сигурно. Се плашат од тоа да бидат со личност за која мислат дека не ја заслужуваат, односно од денот кога таа личност ќе стане свесна дека заслужува подобро. Сепак, ова е само во главите на Девиците.