Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бикот има најмногу кондиција за држење лутина, Рибите се одлични глумци - Причини зошто секој од знаците е опасен противник

Според астролошките карактеристики, секој од нас реагира различно кога ќе се најде во состојба на некаков конфликт. Некои од знаците се предвидливи, други пак вистинска енигма.

Pricini-zosto-sekoj-od-znacite-e-opasen-01.jpg

На некои лутината им поминува брзо, други пак имаат капацитет да се муртат со месеци и да ја прераскажуваат истата случка која ги разбеснилa. 

Доколку сакате да откриете нешто за себе или за противниците на оваа тема, продолжете со читањето:

ОВЕН

Со првиот знак владее заслепувачки бес кога е дел од некоја конфликтна ситуација. Не може да ги сослуша другите додека е лут. Во афект може да каже зборови коишто не ги мисли, а подоцна да се кае за нив.

БИК

Многу лесно може да го налутите, особено за теми и луѓе кои му се блиски до срцето. Раздразливи и опасни противници кои нема да го сменат мислењето по ниту една цена. Можат да се лутат со недели, со месеци, нема да издржите со нивната „кондиција“ во поглед на држењето лутина.

БЛИЗНАЦИ

Шармантни и слаткоречиви. Опасни се затоа што може со зборување да се извлечат од каква било ситуација. Понекогаш се бескрупулозни. Не само што вешто ќе ве изманипулираат дека нештото не се случило по нивна вина, туку ќе ве натераат да се запрашате дали можеби вие сте виновни.

РАК

Исклучително дефанзивни, кон себе и кон најблиските што сакаат да ги заштитат. Кога се во оваа состојба, може да обвинат кого било, па макар и да измислат нешто, само да го заштитат она коешто им значи. Лесно умеат да пуштат и некоја солза и да им поверувате.

ЛАВ

Со комплекс на супериорност „јас сум подобар од сите“, Лавовите ќе ги уништат сите кои ќе им се најдат на патот и ќе им го повредат егото. Подготвени се дури и на физичка борба. Одлични борци се, паметни и издржливи, исклучително силни противници.

ДЕВИЦА

Нема да дозволи да се најде никој помеѓу неа и целта која ја зацртала. Девицата е методична и интелигентна, се бори со умот, не со телото. Точно знае кога да зборува, а кога да замолчи. Неретко се замислува себеси како вешт куклар кој ги влече сите конци на луѓето околу неа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Една застрашувачка особина на секој хороскопски знак, која му штети најмногу Риби, вие сте главно позитивна личност, но штом ќе ве обземат „црните“ мисли, ст...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg