Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Годишен хороскоп за 2019-та: Бик

2019-та година ќе биде најдобра за родените во знакот на Бик, посебно на поле кариера и бизнис.

godisen-horoskop-za-2019-ta-bik-001.jpg

Важен аспект кој треба да се нагласи за 2019-та година е воспоставувањето на приоритети и работата на нив во склад со времето и обврските.

Напорно работете, обидете се да дадете 100% од себе, а остатокот ќе дојде природно. Ќе имате одлични, цврсти и стабилни врски со луѓето околу вас.

Може да се препуштите повеќе на слободното време, но сепак, ве советуваме да останете во контакт со реалноста и да не им се предавате на лажните емоции.

2019-та година ќе ви донесе многу повеќе можности, слобода и радост на вас и вашето семејство.

Работа и финансии

Ќе уживате во хармонијата на работното место. 2019-та ќе биде година во која ќе имате фантастичен однос со колегите и надредените. Вашите напори ќе бидат препознаени.

Во текот на март и април може да добиете повеќе од очекуваното. Ќе ја победите конкуренцијата со памет и креативност.

Не дозволувајте било каква негативност да ве прогонува и измачува. Искористете го она што ви е дадено и поминувајте низ сите предизвици со чисти мисли и оладена глава. Постапувајте практично.

Што се однесува до финансиите, 2019-та нема да биде полна со успеси и падови, туку ќе доживеете одредена финансиска стагнација. Нема да остварите голема заработка, но нема ниту да изгубите многу средства.

Трошете мудро и само во ситуациите кога тоа е неопходно. Во текот на годината може да отплатите стар заем или кредит, што ќе ви помогне и ментално да се растеретите од притисокот кој го чувствувавте.

Љубов

Биковите ќе имаат страствена и возбудлива 2019-та година. Но, некои ќе се соочат и со проблеми ако сакаат премногу само за себе. Затоа и бегајте подалеку од себичните реакции.

Не бидете импулсивни. Наместо тоа, внимавајте што партнерот бара од вас. Во првата четвртина од 2019-та ќе исчезнат многу љубовни сомнежи. Благодарение на оптимистичкиот пристап, сè ќе биде расчистено.

Не дозволувајте да ве обземе чувството на вина, бидејќи така никогаш нема да го најдете правиот пат во љубовта.

2019-та може да биде и година на тешки лекции во врската, но ќе бидете благодарни бидејќи тоа ќе ве подготви за иднината.

Одредени професионални средби може да прераснат и во љубовни.

Здравје

Биковите ќе мора подобро да се грижат за своето здравје во 2019-та година. Од март до мај е ризичен период кога може да се соочите со здравствени потешкотии.

Во случај да се посомневате во било каква болест, задолжително посетете лекар. Првата половина од годината може да биде ризична.

Вратете го душевниот мир преку јога и медитација.

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

3 љубовни парови на хороскопски знаци кои би се пронашле и во некој друг живот Иако на хартија се спротивности, Девицата и Рибите го извлекуваат најдоброто еде...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg