Месец на Скорпиите - Запознајте ги трите скриени лица на најсложениот знак во хороскопот

Мистериозни и мрачни, Скорпиите често пати ѝ се предаваат на темнината, со оглед на фактот дека се раководени од Марс, планетата на војната и раздорот.

mesec-na-skorpiite-zapoznajte-gi-trite-skrieni-lica-na-najslozeniot-znak-vo-horoskopot-2.jpg

Скорпиите се најсложениот знак во Зодијакот, тешки за „читање“ и практично е невозможно да ги прелажете и изманипулирате.

Имаат силно изразена интуиција и особено мразат кога некоја се обидува да го промени нивниот карактер. Луѓето ги „читаат како буквар“ и ништо не може да им избега од погледот, ниту најситниот детаљ.

Дознајте кои се трите најкарактеристични типови на Скорпии:

ШПИОНОТ

Простуваат, но не забораваат. Всушност, оваа изрека има една мала исправка кога се работи за Скорпиите бидејќи тие – ниту простуваат, ниту пак забораваат.

Имаат силна меморија за важните работи, но и небитните ситници. Скорпијата-шпион умее да го пренасочи вниманието од себе на кого и да посака во моментот и да ја смени темата на разговор без да го забележите тоа.

Во меморијата имаат „тефтерче“ со сметки и долгови од сите оние кои ги повредиле и мирно го чекаат моментот за ладно сервирана одмазда.

Како ќе започне вашето пријателство со шпионски настроената Скорпија? На еден или друг начин таа ќе (до)знае 5 пати повеќе информации за вас, отколку вие за неа. Но, доколку ѝ се допаднете и ѝ покажете дека сте верни и лојални, ќе бидете среќни што имате една Скорпија покрај вас.

mesec-na-skorpiite-zapoznajte-gi-trite-skrieni-lica-na-najslozeniot-znak-vo-horoskopot-001.jpg

ПАРТНЕРОТ ВО ЗЛОСТОРСТВОТО

Кога целосно ќе поврзете со шпионот, пред вас ќе ја откриете втората страна на Скорпијата – партнерот во секое злосторство.

Тие се малку поотворени во споделувањето на детали од приватниот живот, сè додека и вие го правите истото. Одеднаш добиваат желба да го поминат сето слободно време со вас.

Често пати е занемарена лојалноста која ја има една Скорпија за своите пријатели. Кога таа ќе реши дека може да ви верува, ќе почувствувате како да сте дел од некој елитен клуб, секогаш тука за вас, и во добро и во зло.

Скорпијата која ќе ви биде партнер во злосторството има потенцијал да ви остане и најдобар пријател на светот, но внимавајте вашиот мал клуб да не се сведе само на двајца членови.

МАНИПУЛАТОРОТ

Не попусто Скорпиите се нарекуваат камелеони, знак на трансформацијата. Обожаваат предизвици, особено кога треба да се вклопат во некоја нова средина и да го освојат вниманието, обележувајќи си своја територија.

Овие Скорпии се вистински трендсетери, сакаат технологија и преземањето ризици им доаѓа многу лесно и природно.

Скорпијата-манипулатор сака точно да знае што ја очекува во иднината, ја планира со прецизност на воен стратег и како најдобро ќе се вклопи во сценариото и ќе се истакне себеси.

Не можете да им се приближите на овие Скорпии бидејќи се брзи и секогаш во движење, па тешко се одржува чекор со нив.

Сепак, како и вториот тип-партнерот во злосторството, и тие најмногу ја ценат лојалноста. Доколку им покажете дека се грижите за нив во секоја можна ситуација и дека ги цените, ќе добиете пријател за навек.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни Кога се вљубени, Девиците имаат очи само за нивниот партнер, додека Близнаците с...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg