Овенот сака да го убие шефот, Раковите „бројат овци“ - што ги мачи знаците пред спиење?
ВАГА
„Толку е убава, има ли поубава девојка од неа (си се смешка безгласно). Дали знае дека постојам? Дали да ѝ се приближам? Нема поубава, нема…“.
СКОРПИЈА
„Зошто сите ме мразат? Не сум ништо полош од останатите. Зошто сите упорно мислат дека сум најлош? Зошто ме мразат бе? И јас ве мразам. Идиоти!“
СТРЕЛЕЦ
„Како ќе објаснам утре зошто задоцнив/зошто не го направив тоа и тоа/зошто не се појавив на закажаното место? Што да излажам овој пат?“
ЈАРЕЦ
„Добро е, си го пополнив планерот, знам што ќе правам утре, знам кога ќе правам зимница и знам каде ќе славам Нова година. Останува само да се решам каде ќе одам на одмор следната година“.
ВОДОЛИЈА
„Дали сме сами во Универзумот? Јас мислам дека не сме. Нема шанси. Преголем е Универзумот, јас сум само мала безначајна точка. Дали вреди да се грижам за иднината кога сите ќе умреме еден ден? Постојат ли црни дупки?“
РИБИ
„Се надевам дека си во ред, каде и да си. Се надевам дека си среќна и насмеана… се надевам дека некој те љуби… дали некогаш помислуваш на мене?“
(О)Милена | Црнобело