Како мажите реагираат на „Те сакам!“ – според хороскопскиот знак?
Моментот кога првпат ѝ изјавувате љубов на саканата личност, претставува навистина посебен чин. Меѓутоа, никогаш не знаете на каков одговор ќе наидете од другата страна. Што вели астрологијата на оваа тема?
Многумина сакаме да ги слушнеме двата слатки збора, ама не ни е лесно и самите да ги изговориме.
Ако она што ве плаши е туѓата реакција, тогаш паметно е да се подготвите за сите можни сценарија. А, има ли подобар љубовен советник од хороскопот?
Според астролозите, сите мажи различно реагираат на изјавата за љубов, зависно од ѕвездениот знак во кој се родени.
Еве што ќе одговори и направи секој од нив, штом му кажете – „Те сакам!“:
Овен
Овните на секоја изјава за љубов ќе одговорат со двојно повеќе страст и романтика. Особено кога и тие самите се вљубени до уши.
Бик
Ако не се комплетно сигурни во сопствените чувства, Биковите нема така лесно ги прифатат двата збора. Но, штом тие ќе се осмелат да ги изустат, тогаш ваши се за навек.
Близнаци
Близнаците се мажи на кои мошне тешко им е да зборуваат за длабоки емоции. Кога е љубовта во прашање, тие неретко ја менуваат темата. Колачи, пиво, излегувања – што и да им падне на памет.
Рак
Кога Раковите ќе го ѝ го подарат своето срце на некоја личност, тоа обично е за целиот живот. Пред да одговорат со „Те сакам!“, мора да бидат целосно осигурани дека девојката сериозно размислува за нивната врска.
Лав
Гордите Лавови се свесни колку всушност се привлечни во очите на спротивниот пол. Затоа и намерно не прават од ова преголема помпа. Тие секако претпоставуваат дека сте вљубени во нив.
Девица
Мажите родени во знакот на Девица, баш и не се претерано зборлести. Меѓутоа, барем се пристојни и љубезни. Тие културно ќе ви се заблагодарат за искажаната љубов.