Што секој знак го вади од такт? Близнаците ќе пукнат на „Замолчи!“, Девиците превртуваат очи за „Грешка си!“
Никогаш не им ги зборете или правете следните работи на дванаесетте хороскопски знаци. Тие имаат трпение, ама кога ќе ги погодите во слабите точки, бидете подготвени да ги запознаете во сосема поинакво светло.
Знаевте ли дека Близнаците не поднесуваат да се заќутувани? Исто како што и Скорпиите се грозат од лаги, а Лавовите преѕираат кога некој се обидува да биде подобар од нив.
Кој е знакот кому не смее да му чепнете од храната? На кого е можно да му се замерите и со обична шега?
Секој хороскопски нешто го вади од такт, а за да избегнете вакво сценарио, ова се дванаесетте работи кои никогаш не смее да им ги приредите:
Овен
Овните може да бидат мошне експлозивни, агресивни и импулсивни. Притоа, вообичаено се добро градени и физички силни, па навистина е попаметно да не им се замерувате.
Бик
Биковите со драго срце ќе ја поделат својата храна со вас, особено кога тие самите ја зготвиле. Меѓутоа, ако без дозвола им земете залак од чинијата, ова ќе го сметаат за голема навреда. И ќе ве обвинат дека немате основна култура.
Близнаци
Близнаците се познати дрдорковци. Ова е нивното второ име. Ако им кажете да замолчат, исто е како да сте ги испратиле на мачење. Ним не им е издржливо да ќутат. Ќе пукнат.
Рак
Раковите едноставно не поднесуваат критики. Дури ни конструктивните забелешки не доаѓаат предвид. Тие знаат да бидат по малку несигурни, па таквиот начин на комуникација е најлошото нешто кое може да го направите за нив.
Лав
Лавовите се кралеви. Тие секогаш се лидери и во центарот на вниманието. Нема да ви успеат обидите да се надмудрувате со нив, а ни да покажете дека сте подобри, попаметни, или, пак, едноставно во право. Тие се одлично наоружани со аргументи, па сите вакви дуели обично ги завршуваат со победа.
Девица
Девиците превртуваат очи кога ќе им кажете дека направиле нешто погрешно. И не само тоа. Ако им ги посочите грешките, тие ќе ги искористат сите свои аналитички и истражувачки вештини, да ве уверат вас и самите себе - дека вие не сте во право.