Хороскопските знаци после секс: Што им се мота низ главата?
Какви мисли ги обземаат емотивните Риби, неодлучните Ваги и романтичните Ракови по водењето љубов? А, каде ли им оди умот на самоуверените Лавови и упорните Бикови?
Што им се мота низ глава после секс на дванаесетте хороскопски знаци? Прочитајте какви се и забавувајте се со нивните искази во продолжение:
Овните се нестрпливи.
„Нема одмор. Втора рунда. Веднаш!“
Биковите се упорни.
„Траеше само два и пол часа. Сигурно помисли дека беше прекратко. Да јадам нешто и продолжуваме.“
Близнаците се незаинтересирани.
„Што има на ТВ? Не ќе биде лошо да ги проверам и пораките. Ме барал ли некој во меѓувреме?“
Раковите се романтични.
„Кога ќе се венчаме? Создадени сме еден за друг.“
Лавовите се самоуверени.
„Не дека се фалам, ама нема подобар љубовник од мене. Ќе си поставам огледало над креветот за да можам да се гледам во акција.“
Девиците се практични.
„Мора да ги исперам чаршафите. Ах, има прашина и под креветот! Може ли уште веднаш да се исчисти сѐ?“