Зошто имате проблеми во врските, според хороскопскиот знак?
Вага
Кога станува збор за успешни врски, вие знаете како треба. Познати сте по вашата дарежлива природа, споделувањето емоции и способноста за одржување на многу блиски врски.
Најголема борба во врските ви е да не давате премногу. Мора да научите да поставите граници или ќе завршите повредени на крајот.
Скорпија
Вие сте навистина интензивни и вашата страсна природа ви е најголемата тајна на заводливоста. Може да имате лоша репутација поради експлозивната природа, но најголемата мана ви е неспособноста да простите.
Откако некој еднаш ќе ви погреши, мали се шансите повторно да се врати во вашиот живот некогаш.
Стрелец
Страста владее со вас и може да ве заслепи дури побрзо и од љубовта. Вие сте дарежливи, но проблемот е кога низ розови очила гледате погрешна личност.
Откако ќе се вљубите во некого му го подарувате светот. Не дозволувајте погрешна личност да ве искористи и да мине неказнето.
Јарец
Се борите во врските затоа што сте одлучни да стапите во брак и да имате деца, па така не посветувате доволно време за да проверите дали личноста е вистинската за вас.
Многу ви е важен статусот и сакате секогаш да оддавате впечаток дека сте многу задоволни од животот. Ова значи дека се грижите премногу како изгледа вашата врска во очите на другите, а не за тоа што се случува зад затворени врати.
Водолија
Вие сте сонувач и главата често ви е во облаците. Лојални сте, но мора да ја имате слободата. Се борите во врските кога партнерите се обидуваат да ве контролираат и да манипулираат со вас.
Бидејќи сте толку независни, тешко се врзувате емоционално. Потребен ви е партнер кој ќе ви се докаже како ментално стабилна личност, пред да му се отворите и да му го дадете срцето.
Риби
Вие сте најемотивниот хороскопски знак. Тоа е благослов и клетва во врските.
Вие интензивно му ги покажувате емоциите на партнерот, и добрите и лошите. Се борите во врските затоа што ви е тешко да се справите со својата емоционална состојба. Тоа може да биде премногу напорно за партнерот.
С. С. | Црнобело