Лавот става селфи во 30 пози, Близнаците имаат по 3 профили: Какви се хороскопските знаци онлајн?
Бикот објавува фотки од храната која ја подготвувал со часови, секој пост на Лавот започнува со „јас“, додека Скорпијата го манијачи бившиот од лажен профил.
Кои се вашите онлајн навики?
Овен
Го има насекаде, лајкува сè што ќе му падне во очи. Се кара со петорица истовремено во коментари. Блокира три профили од нив, бидејќи се кретени. Пишува статус дека ќе оди да трча и излегува надвор. По пат го ѕирка телефонот и повторно го лајкува секој втор пост. Активен е во секој дел од денот, дури и кога сите спијат.
Бик
Подготвува рецепти кои ги видел онлајн, па готовата храна ја слика и задолжително ја објавува, заедно со описот како ја подготвил. Потоа ја слика масата, па семејството на куп, со посебен акцент на децата. Им се заблагодарува на сите кои лајкувале, им дава совети за повкусна храна, иако никој не го прашал. Ако некој каже нешто негативно – оди на блок. Подоцна, пред спиење, тајно си ги пребројува и анализира лајковите.
Близнаци
Имаат по најмалку четири профили. На првиот играат игри, од вториот манијачат некои бивши пријател и партнери, од третиот се допишуваат со пет личности истовремено. На четвртиот пишуваат инспиративни цитати... и така целиот ден го поминуваат онлајн. Јадат или пред компјутер или со телефон во рака и тоа им се допаѓа. А, да попатно зборуваат на спикер за да може да куцкаат истовремено.
Рак
По сите социјални мрежи бара рецепти, љубовни приказни, песни, романтични статуси. Често плаче под некој тажен пост. Не лајкува скоро никогаш, евентуално остава срциња и смајлиња на луѓето кои му значат. Сака да закачува слики од зајдисонца и цитати. Ги блокира сите кои се вулгарни, пцујат и навредуваат. Често им загорува ручекот додека фантазираат со мобилниот во рака.
Лав
Како и секогаш, тој е дојден да се покаже. Ќе стави селфи во 30 слични пози, но од различни ексклузивни места. Слики од теретана, излегувања, вечери. Инстаграм е најдобро место за нивна себе-промоција. На останатите социјални мрежи раскажуваат интересни случки за себе. Ги прикачуваат своите дипломи и сертификати, сакајќи да го покажат успехот. Нема шанса постот да почнува без „јас“. Оној кој нема да му го лајкне постот, ќе биде игнориран и на крајот блокиран.
Девица
Бара секакви ситници поврзани за здравата исхрана и медицината. Се расправа околу диетите, чаевите и алтернативната медицина. Пишува цели трудови, наместо статуси и има најмалку три здравствени блогови кои постојано ги промовира. Сака да се фали со работата која ја работи и нуди помош каде стигне. По цел ден е на социјални мрежи, бидејќи тоа е неговиот „витамин Ц“. Обожава да решава и математички загатки и секако, да се расправа во коментари со „помалку писмените“.