Лавот става селфи во 30 пози, Близнаците имаат по 3 профили: Какви се хороскопските знаци онлајн?
Вага
Со сите ќе останат во добри односи, додека не им пуштат некои иронични, законски или политички шеги. Тогаш ќе тргнат да ја бараат правдата, но строго на Вие. Блокот следува во втората рунда. Во меѓувреме закачуваат фотки од ресторани, проводи, од себе во елегантно издание, од работната атмосфера... Обожаваат да ја истакуваат елеганцијата, бидејќи уживаат во аплаузот кој го добиваат во коментарите.
Скорпија
Имаат најмалку три профили на секоја социјална мрежа. Да може да проверат што прави партнерот кога не е со нив, евентуално флертуваат со него/неа од лажен профил за да го/ја проверат. Активни се во разни групи, следат кој што пишува и лајкува. Имаат лоша навика да ја следат бившата симпатија од трето одделение на сегашниот партнер и да се споредуваат со неа/него. Што е сигурно – сигурно е. Обожаваат да пишуваат мистериозни статуси со суптилна посвета.
Стрелец
Им верува на сите, па така има еден тон лажни профили за пријатели. Пишува што му текне. Од поезија и карма до научна фантастика, на сите можни јазици. А, кога некој ќе го нападне дека се прави премногу паметен, се чуди како може да постојат толку злобни луѓе. Ќе ги правда сите и ќе го бара доброто во нив. Фејсбук е негова работа, бидејќи сака секаде да биде вмешан.
Јарец
Дојден е да види дали може да профитира некако од социјалните мрежи. Се „закачува“ за најпопуларните Твитер фацки и блогери и ги учи нивните трикови. Се додава во групите каде што има најмногу гужва и почнува за коментира за да биде забележан и запаметен. Во состојба е со години да биде добар и мирен, само да стигне до својата цел. А, тоа е да биде најдобар, да почне онлајн бизнис кој ќе му носи пари додека одмора на Јамајка.
Водолија
Присутна е на сите социјални мрежи од љубопитност. Лесно менува расположение, во зависност од тоа на каде води атмосферата и разговорот. Однесувањето на социјалните мрежи ѝ зависи од туѓиот однос. Со денови може да закачува смешни финти и комични статуси, па потоа со денови да мрази сè околу себе. Инстаграм го користи за социјални експерименти, а Твитер како политичка платформа за искажување на мислењето.
Риби
Имаат барем два профила на сите мрежи. На едниот играат игри, бидејќи сакаат да избегаат од реалноста, а на другиот се во потрага по инспирација, љубов и реални приказни. Пишуваат за минливоста на животот и љубовта како клучен елемент. Се приклучуваат на сите групи за медитација и останати активности кои „им помагаат да ја најдат смислата на животот“. Најчесто заглавуваат до доцна навечер со телефонот во рака.
М. Д. | Црнобело