Кои хороскопски знаци никогаш не треба да патуваат заедно?
Секогаш пред да испланираме патување, прво треба внимателно да го планираме друштвото. Бидејќи и најзабавниот одмор може да се претвори во кошмар доколку до вас немате луѓе со кои се согласувате.
Па, ако му верувате на хороскопот, има 21 комбинација од знаци кои никогаш, ама баш никогаш не треба да тргнат заедно на пат.
Проверете, можеби ќе ја потврдите теоријата или сепак ќе го срушите митот од свое искуство:
Лав + Лав – до крајот на патувањето ќе се однесуваат како диви мачки и релаксацијата ќе стане напор.
Рак + Водолија – спротивните карактери ќе им создадат стрес и нема да имаат шанса да видат половина од тоа што планирале.
Oвен + Риби – постојано стегнати и во исчекување нешто да тргне наопаку, немаат доволно добра меѓусебна комуникација и тоа ќе доведе до незгоди (кои претходно ги предвиделе, но ја игнорирале интуицијата).
Близнаци + Девица – најдобро е да тргнете индивидуално, бидејќи повеќе од 2-3 дена не можете да издржите заедно.
Вага + Јарец – можеби ќе го истераат патувањето заедно, но заради ситните навики кои ќе ги премолчуваат, потоа нема да сакаат да се видат.
Бик + Скорпија – можат да се поднесат во мали дози, бидејќи Бикот не сака драма, а Скорпијата живее за драматични ситуации и случки.
Лав + Јарец – два знаци кои обожаваат да доминираат, па затоа не можат да прават било каква активност заедно, најмалку патување.
Овен + Скорпија – и двајцата склони на испади, нема да престанат да се расправаат и сите места ќе им бидат клаустрофобични додека се заедно.
Водолија + Бик – имаат различни интереси во животот, па нема да може да се договорат кои места да ги посетат.
Лав + Девица – големи се шансите Лавот да ѝ го фрли распоредот на Девицата за шетање и посета на места до крајот на патувањето, бидејќи тој ја цени само спонтаноста.
Овен + Водолија – Водолиите имаат комплексен карактер кој тешко се прилагодува и тоа ќе им создаде фрустрации на Овните.
Близнаци + Јарец – два знаци кои не можат да се договорат за иста дестинација, па уште помалку за исти активности.
Овен + Девица – Девицата ќе западне во анксиозност и ќе добие панични напади доколку патува со Овен, бидејќи Овните никогаш не се придржуваат кон распоредот.
Бик + Близнаци – непредвидливите карактери може да ги спречат во планирањето на активности и да ги доведат до искажани зборови за кои подоцна ќе жалат.
Стрелец + Девица – Стрелецот е најлесен партнер за патување, но никогаш нема да се согласи на планирање пат со Девиците, бидејќи целото детално планирање и „играње на сигурно“ им создава нервоза.
Водолија + Риби – патување после кое ќе им треба одмор во самотија неколку дена, заради тврдоглавоста со која ќе се соочат.
Бик + Стрелец – Бикот не излегува од својата комфорна зона, па на Стрелецот ова ќе му биде ужасно досадно патување.
Овен + Рак – За да го истрпите Ракот на патувањата треба да имате многу трпение, а Овните не се толку трпеливи, па лесно може да избувнат кавги.
Близнаци + Скорпија – заради сличноста на темпераментот, ниту едно патување на овие два знаци не може да помине без кавги и изливи на бес.
Лав + Бик – За Лавот, патувањата се шанса да се забавува, додека Биковите имаат агенда и очекувања кои мораат да ги исполнат.
Скорпија + Скорпија – убедливо најлошата комбинација. Патување на кое и двете Скорпии ќе се „предозираат“ од емоции и кавги.
М. Д. | Црнобело