Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак?

Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особено за време на Mладата месечина во знакот на Лав, на 4 август. Ќе сретнете нови луѓе, со интереси кои се усогласени со вашите страсти.

koj-e-vashiot-najsrekjen-datum-vo-2024-godina-bazirano-na-horoskopskiot-znak-01.jpg

Ако сметате дека 2023 не беше ваша година, тогаш можеби 2024-та ќе ви се насмевне среќата.

Секој ден не носи иста енергија за сите, па затоа, погледнете кој е вашиот среќен ден, одбележете го на календарот и искористете ја максималната енергија од него.

На кој датум треба да обрнете посебно внимание, дознајте во продолжение:

Овен – 19 март

Со многуте промени на духовно ниво кои ве очекуваат оваа година, најсреќниот ден за вас ќе биде 19 март, познат и како „астролошка нова година“.

Тогаш започнува вашата „сезона“, па ако чувствувате дека треба да почнете нешто ново, освежително во вашиот живот или, пак, да направите пауза од сè што ви пречи, тогаш овој датум ви нуди шанса да се претставите пред светот во ново светло.

Бик – 23 мај

Ретроградноста на Јупитер заврши на 30 декември 2023 година и оттогаш носи благослови и изобилство вашиот живот.

Очекувајте оваа енергија да продолжи и во првата половина од 2024-та, а да кулминира на 23 мај. Следете ги вашите желби, препуштете му се на вашето хоби и посветете внимание на партнерот.

Близнаци – 25 мај

2024 е ваша година за преземање разумни ризици и донесување одлуки. Кога Јупитер ќе влезе во знакот на Близнаци, на 24 мај, тоа е вашата шанса да го „репрограмирате“ вашиот потсвесен ум. Овој транзит ја зголемува вашата љубопитност и ве поттикнува да го прифатите неуспехот.

На овој ден, вашата интуиција може да ви открие некои информации кои ќе ви го променат животот, а кои ќе ве поттикнат на ново духовно патување кое ќе се одвива во текот на остатокот од годината.

Рак – 5 јули

Вашиот најсреќен ден во годината е 5 јули, за време на Младата месечина во знакот на Рак. Циклусите на Младата месечина нудат шанса да ја освежите вашата енергија и да започнете нови проекти.

Љубовната планета Венера ќе формира врска со Младата месечина, што ќе ви овозможи големи поволности.

Лав – 4 август

Лавови, оваа година ви треба одмор. За разлика од минатото лето, за среќа, оваа година работите ќе ви бидат попривлечни во однос на вашиот љубовен живот, особено за време на Младата месечина во знакот на Лав, на 4 август.

Ќе најдете нови луѓе, со интереси кои се усогласени со вашите страсти.

Девица – 28 февруари

Кога Месечината во знакот на Девица на 28 февруари ќе го осветли небото, тоа ќе биде вашата шанса да направите нешто волшебно од сиот неред. Притоа, може да се откажете од сите самонаметнати ограничувања и да станете посигурни во вашето изразување.

Искористете го овој период за да размислите за вашите цели и да создадете простор за позитивни промени во вашиот живот, вклучувајќи и навики, рутини и начин на размислување.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg