Неуспешни комбинации на хороскопски знаци чија врска не може да трае подолго од 3 месеци
Доколку сте подготвени да најдете партнер за сериозна врска, добро би било прво да обратите внимание на хороскопот.
Очекувано, постојат комбинации од хороскопски знаци кои заедно нема да издржат ниту повеќе од 3 месеци.
Па, ако не сакате дополнителни разочарувања и трошење време, проверете со кои хороскопски знаци не си одговарате.
Љубовни парови кои не би издржале ни 3 месеци во врска:
Овен и Рак
Овен и Рак во комбинација значи мешање на оган и вода. Сигурно ќе имате страсна романса, но тоа нема да трае долго. Можеби ќе личи на љубов на прв поглед, но со сигурност не е така и на крај може да заврши лошо.
Бик и Рак
На почетокот можеби ќе ви личи дека имате заеднички интереси и се сложувате во сè. Ќе уживате во времето поминато дома, сами, но постои еден проблем. Непредвидливиот Рак и тврдоглавиот Бик никогаш не завршуваат со добро.
Близнаци и Близнаци
Кај паровите со ист знак постојат две можни сценарија–може да биде совршено или ужасно. Врската ќе биде исполнета со секојдневна драма, нема да бидете лојални, ниту пак ќе бидете верни и приврзани еден за друг.
Девица и Близнаци
Овие два знака се целосна спротивност, а токму тоа ги привлекува еден кон друг. Сепак, двете страни ќе сакаат да се докажуваат и прават паметни, па нема да има што да делите на долги патеки. Секогаш ќе завршите со конфликт, па подобро е да се разделите додека е време.
Рак и Лав
Иако на почеток на врската, љубовта ќе ви изгледа како од бајките, сепак нема да можете да ги пребродите тешките периоди кои ќе ве очекуваат понатаму. Лавовите може да ги преминат границите во кавгите, а Раковите тоа нема да го трпат.