Неуспешни комбинации на хороскопски знаци чија врска не може да трае подолго од 3 месеци

neuspeshni-kombinacii-na-horoskopski-znaci-chija-vrska-ne-mozhe-da-trae-podolgo-od-3-meseci-02.jpg

Стрелец и Близнаци

Стрелците и Близнаците се стремат кон остварување на потребата да бидат свои и оригинални, а двајцата ќе го цените тоа еден кај друг. Сепак, иако теоретски ви се допаѓа, практично нема многу да го толерирате овој квалитет, па подобро не се вовлекувајте во сериозна врска.

Лав и Скорпија

Партнерите во оваа комбинација се премногу самоуверени и расположени за флерт во јавност, но однатре се премногу несигурни. Тоа ќе ви биде најголемата заедничка карактеристика која всушност ќе ја доведе врската до пропаст.

Јарец и Вага

Паровите во овие два знака се склони кон убави работи и уживање, заради што на почетокот ќе се зближат, но всушност се премногу различни во сè останато. Од далеку може да си се восхитувате еден на друг, но ако треба да се согласите во нешто, ќе предизвикате само драма.

Риби и Бик

Двата знака се нежни и романтични, но тоа не е доволно за бајката да трае повеќе од неколку состаноци. Неодлучните Риби никогаш нема да се согласуваат со тврдоглавите Бикови, а разликите помеѓу партнерите ќе го надминат шармот многу брзо, што ќе доведе до раскинување.

Водолија и Риби

Водолијата е брза и динамична, а Рибите пак се склони кон бавни патеки. Ќе има многу разлики помеѓу партнерите во овие знаци и ќе биде тешко да се надминат истите. Може да уживате во кратка авантура, но избегнувајте споделување љубов – ќе завршите неславно.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg