Жените рангирани според хороскопот - од најдобри до најлоши девојки за врска

Имавме можност да видиме како мажите се рангирани според хороскопот од моногамни до неверни.

zhenite-rangirani-spored-horoskopot-od-najdobri-do-najloshi-devojki-za-vrska-01.jpg

Но, сега е време да дознаеме какви се жените на тоа поле, според хороскопскиот знак.

Секако, ова не важи буквално за секој, но добро да ја имате во предвид оваа „ранг листа“.

Од најдобри до најлоши – жените рангирани според хороскопот:

Стрелец

Иако кон себеси се големи критичари, сепак во врската никогаш нема да се постават лошо кон вас. Го подигнуваат расположението на партнерот и секогаш на прво место ги става туѓите потреби. Ова може да доведе до потиснување на сопствените чувства. Довербата е многу важна за нив, а ќе ви бидат лојални до крајот на животот. Сакаат силно и размислуваат на сè, а со своите постапки постојано покажуваат почит. Стрелците се чуваат, но ако ги скршите ѕидовите, го имате нивното срце засекогаш.

Риби

На прв поглед, жените во овој знак изгледаат срамежливо и може да ве оттргнат од нив. Но, со малку труд, кога ќе се пробиете до нив, ќе ја добиете нивната доверба, која е најценета. На партнерот му даваат голема поддршка и секогаш се покрај него. Рибите одлично можат да ги „прочитаат“ луѓето, па имаат посебен начин на запознавање и зближување. Од сите знаци, тие се најчувствителни, па никогаш нема да смислат нешто лошо за да ве повредат. Ако згрешат, прво ќе се извинат и ќе се обидат да ја поправат грешката.

Јарец

Жените во овој знак се родени перфекционисти, а кога се работи за врски, тие ќе го дадат најдоброто од себе. Секогаш сакаат да бидат доминантни, но секогаш ќе бидат покрај вас, бранејќи ве и чувајќи го вашиот грб од сè и секого. Луѓето кои ги сакаат се оние кои најмногу им значат, но често знаат да ги скријат чувствата. Јарците го чуваат нивното срце, па ако успеете да го добиете, може да се сметате за посебен.

Вага

Вагите се едни од најљубезните хороскопски знаци, а жените во врската се обидуваат да избегнат конфликти, иако тоа може да биде негативна карактеристика понекогаш. Тие секогаш целат да бидат позитивни и среќни, а ако некој ги повреди, тоа го чувствуваат многу длабоко. Даваат сè од себе за партнерот и ретко ги ставаат сопствените потреби на прво место. Сепак, тие зрачат со харизма и со други луѓе без да забележат, па внимавајте да не бидете љубоморен тип ако сакате врската со Вага да ви опстои.

Близнаци

Овие жени имаат две различни страни – половина од времето тие се забавни и расположени, а во преостанатото време може да бидат негативни и намуртени. Во врската секогаш се обидуваат да ја скријат едната страна, но со тек на време, ќе мора да се навикнете и да ги прифатите какви што се. Тие ја ценат лојалноста и довербата, но ако еднаш поминете преку нив, може да ве избришат без да трепнат. Втората шанса за нив е непознат поим, сакаат силно, а патат уште посилно. Но, никогаш нема да го покажат тоа.

Водолија

Не се баш најдобри девојки, но не може да се наречат и најлоши. Тие обично се најчудни од сите знаци, но тоа не е секогаш лоша работа. Ја сакаат својата слобода и често избегнуваат врски, но ако успеете да приврзете некоја за вас, ќе ја имате нејзината лојалност за цел живот. На вашите недостатоци ќе гледаат со восхит, но на нивните со омраза. Најтешко во врската со Водолија може да биде да ја научите да се сака себеси, иако може вас да ве сака најдобро што може. Премногу размислуваат, па секогаш ќе мора да го слушате и нивното измислено сценарио. Трпеливоста е клучна.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Која свекрва никогаш нема да ве смета за доволно добра за синот, според хороскопот? Скорпија: Тие ги сакаат премногу своите синови, па таа длабока љубов во нив чест...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Кој ќе остане младолик, а кој ќе остари пребрзо, според хороскопот? Вагите воопшто не размислуваат за стареењето, а брчките не ги плашат. Тие н...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg