Жените рангирани според хороскопот - од најдобри до најлоши девојки за врска

Лав

Лавовите се безнадежни романтичари со нереални очекувања. Иако се подготвени да направат сè за личноста која ја сакаат, сепак може и да им се допаднат други луѓе. Ги фрустрира кога даваат сè што имаат на некого што воопшто не им возвраќа во слична мера. Често знаат да налетаат на погрешни луѓе без разлика колку ги повредиле, никогаш не го слушаат советот на пријателите и вртат во нивниот круг. Не се лоши девојки, но бираат луѓе со кои не би се приврзале.

Рак

Жените во овој знак не се лоши девојки, напротив, би биле едни од најдобрите, доколку не ги оттурнуваа луѓето од себе толку многу. Не веруваат никому освен на самите себе, па врските за нив се тежок предизвик. Се плашат да сакаат, иако имаат желба за тоа, па токму затоа завршуваат во врска која мислат дека е здрава на свој начин. Премногу се преиспитуваат и тешко носат одлуки. Иако се преправаат дека не се заинтересирани, вистината е дека се загрижени.

Бик

Од сите знаци, најтешко е да влезете во врска со жена Бик. Тие не се заинтересирани за тоа. Не е дека не сакаат да се согласуваат со луѓето, едноставно имаат свој начин на живот и среќни се со него. Може да ви го скршат срцето полошо од кој било и да избегаат. Имаат ладно срце, а по крајот на врската, заборавете на втора шанса. Не веруваат во играње игри со луѓето бидејќи сами ги поставуваат правилата.

Овен

Тие избрзуваат многу со работите кога станува збор за врските. Сакаат да преземаат контрола врз секоја ситуација која за многу мажи понекогаш е тешка. Нивниот силен карактер може да биде причина заради која привлекле некого, но истиот може да биде и причина за одбивност подоцна. На Овните им треба некој што е различен од нив. Тие секогаш ќе носат одлуки, па ќе мора да можете да го прифаќате тоа. Имаат „брз јазик“ и тежок карактер, но кога ќе ги запознаете, ќе сфатите дека се многу чувствителни.

Девица

Девиците се најкритични од сите знаци. Ова ја прави врската тешка бидејќи тие никогаш не мислат дека се доволно добри за личноста за која се заинтересирани. Несигурни се и љубоморни, што најчесто води до пропаст. Перфекционисти се, па ако не успеат во нешто, може да видите дека одвнатре се распаѓаат и казнуваат. Освен што се критички настроени кон себе, тие ќе се „истурат“ врз вас. Тешко е да бидете со некого кој не се сака себеси и не прави ништо за да мислите дека ве сака барем вас.

Скорпија

Жената Скорпија е „најстрашна“ од сите знаци. Тие се насекаде и контролираат сè од што се состои врската. Се прикажуваат како ладни и нечувствителни, а ако сакате да бидете со нив, подгответе се да слушнете сè што мислат, но не во завиена форма. Не се злобни, искрени се и не се воздржуваат. Ако згазите преку нив, ќе ја видите нивната безмилосност. Ги држат нивните стандарди на високо ниво, па со нив може да се чувствувате како да мора „да газите врз јајца“. Непредвидливи се, па може да бидете на нивна страна и да останете безбедни, или да ве уништат. Тешко ќе се заљубите во нив, но потоа ќе ги сакате за цел живот.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Која свекрва никогаш нема да ве смета за доволно добра за синот, според хороскопот? Скорпија: Тие ги сакаат премногу своите синови, па таа длабока љубов во нив чест...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Кој ќе остане младолик, а кој ќе остари пребрзо, според хороскопот? Вагите воопшто не размислуваат за стареењето, а брчките не ги плашат. Тие н...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg