Според хороскопот: Какo секој знак комуницира со саканата личност?

Сите дванаесет ѕвездени знаци имаат поинаков стил на љубовна комуникација. Понекогаш, со своите зборови и гестови, може да придонесат кон развој на односот. Во други случаи, пак, можно е да го загрозат.

spored-horoskopot-kako-sekoj-znak-komunicira-so-sakanata-lichnost-001.jpg

Според хороскопот, прочитајте кои се предностите, а што се недостатоците во комуникацијата на секој знак со саканата личност:

Овен

Предности: Мошне сте директни и отворени. Не поднесувате манипулации, па сметате дека е важно да го изговорите она што го мислите и чувствувате. Кај вас нема сиви зони, ниту табуа, а уште помалку тајни. Така многу јасно му давате до знаење на партнерот што вам ви е значајно, но и како на вас влијае неговото однесување.

Недостатоци: Понекогаш ви е поважно себеси да се изразите, одошто да сослушате што другата страна има да каже. Знаете и да повредите со своите зборови, не водејќи премногу сметка за тоа како вашите изјави ќе делуваат на партнерот. Честопати ќе го „боцнете“ во полето на ранливост, па лесно доаѓа до кавги, кои неретко се бурни.

spored-horoskopot-kako-sekoj-znak-komunicira-so-sakanata-lichnost-2.jpg

Бик

Предности: Комуницирате промислено и аргументирано. Прилично конкретно и недвосмислено ќе го запознаете партнерот со сопствените потреби и очекувањата што ги имате од него. Не поднесувате дрдорење и празни муабети. Своите чувства ги искажувате мошне реално, понекогаш и со допири.

Недостатоци: Умеете да бидете изразито тврдоглави, држејќи се слепо за личните верувања. Притоа, го занемерувате моментот дека постои и друга страна на приказната, која можеби е подеднакво реална како и вашата. Помалку наметнувајте ја својата вистина како единствена, а обидете се да ги земете предвид и аргументите на партнерот. Признајте му кога е во право.

Близнаци

Предности: На забавен и шеговит начин си го кажувате она што вам ви е важно. Вашата духовитост и лежерност се одлични алатки за исцелување на лутината на партнерот, како и намалување на тензијата во односот. Сакате да ги разменувате своите мисли со саканата личност, а добриот разговор ви го крева и либидото.

Недостатоци: Иако сте умешни во вербализацијата на вашите мисли и чувства, она што ви недостасува е талент за слушање. Одвај чекате партнерот да го рече своето, ама не како би слушнале што има да каже, туку за да би можеле да ги изразите личните ставови. Затоа, другата страна понекогаш има чувство дека не ја слушате и прифаќате.

spored-horoskopot-kako-sekoj-znak-komunicira-so-sakanata-lichnost-3.jpg

Рак

Предности: Вие гледате и слушате многу повеќе од она што е изречено. Имате моќ да ја почувствувате состојбата на партнерот, а некогаш и да ги предосетите неговите намери. Кога поставувате многу прашања, а малку говорите за себе, тоа е потврда дека сте заљубени. Знаете со зборовите да допрете до срцата на другите, да ги утешите, да им пружите надеж.

Недостатоци: Не сте особено отворени. Како да стравувате искрено да проговорите за своите чувства, бидејќи се плашите од реакцијата на партнерот. Страв ви е да не го разлутите, или, пак, да не ја загрозите хармонијата во односот. Затоа молчите, а неизговореното се таложи. Подоцна, само ќе ви пукне филмот и еден ден ќе настане торнадо.

Лав

Предности: Вешти сте во убедување. Заведувате со зборовите, а толку сте умешни, што другата страна нема ни да знае што ѝ се случува. Знаете да ја насмеете и утешите саканата личност, а кога сте вљубени, сакате да слушнете баш сѐ од устата на партнерот. Вниманието кое му го пружате е доказ за вашата љубов.

Недостатоци: Сакате постојано да бидете во право, па тешко поднесувате кога партнерот ќе ви се спротивстави со контрааргументи. Тоа го доживувате лично – како напад на себе – наместо како обично несогласување. А, каква ли само драма умеете да направите кога саканата личност ќе ве повреди!? Тогаш егото ја води играта.

spored-horoskopot-kako-sekoj-znak-komunicira-so-sakanata-lichnost-4.jpg

Девица

Предности: Вие сте прилично разумна личност, па сакате и дијалозите да ви бидат такви. Мошне вешто ги пакувате сопствените мисли во зборови, а откако ќе си го кажете своето, сѐ ќе му биде јасно на партнерот. Не сакате игри и манипулации, туку ги цените отворените и искрени разговори, како и добрата аргументација.

Недостатоци: Премногу размислувате. Прекумерно анализирате. Понекогаш сте и претерано критички настроени. Ќе му замерите на партнерот за ситници, кои само за вас имаат толку посебно значење. Знаете да бидете мошне отсечни, па и арогантни кога ќе ве налутат. Не поднесувате „давежи“ и препирки без конкретна завршница.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Од која лоша навика треба да се ослободите за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарец – Прифатете дека неуспехот не значи крај на патот, туку можност за созрева...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Кој е вашата скриена (и најголема) дарба, според хороскопскиот знак? Скорпии, навидум сте затворена личност која не открива многу, но вашата најголем...
Една работа што сакате да ја правите, но не признавате, според хороскопскиот знак Девици, кога сте сами, сакате да ги проверувате туѓите профили на социјалните мр...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg