Љубовен хороскоп за март 2018: Девиците сакаат сериозна врска, Биковите ќе влезат во тајна врска
Месец март носи многу возбуда и авантури за повеќето хороскопски знаци, но и несогласувања на поле љубов.
Откријте што ве очекува овој месец и каков ќе биде вашиот љубовен живот во март:
Овен
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот ве очекуваат среќни моменти и ќе ви се овозможи шанса да ги подобрите односите со партнерот така како што посакувате. Постои опција за заедничко патување во интимна атмосфера каде ќе си посветите внимание еден на друг. Заедничките планови ќе почнат да се остваруваат, но внимавајте кон средината на месецот да не се оладат односите заради вашата тврдоглавост.
Ако сте слободни:
Постои можност да се заљубите уште на почетокот на месецот и набрзо ќе откриете дека чувствата се обострани. Кон средината на месецот страстите ќе се разгорат и ќе бидете пријатно изненадени. Сепак, постои можност кон крајот на месецот да ја видите вистинската страна на личноста, што ќе ве стави пред свршен чин и ќе треба да одлучите што понатаму. Очекувајте авантури и забава.
Бик
Ако сте во врска:
На почетокот на март ќе имате забава во врската, убави моменти и длабоки чувства кои двајцата ќе ве исполнат со задоволство. Ќе имате желба повеќе да се дружите со заеднички пријатели, а кон средината на месецот ќе успеете да најдете вистинско решение за потешкотиите и несогласувањата.
Ако сте слободни:
Нема да бидете мирни и постојано ќе го менувате однесувањето. Постои шанса да влезете во емотивна врска, но можно е да ја пропуштите. Ќе се впуштите во тајна врска со личност која ќе ви одговара за авантура и нема да се интересирате за ништо сериозно. Кон крајот на месецот можно е да запознаете некој со кој ќе имате многу заеднички интереси и ве очекуваат многу излегувања и пријатни разговори.
Близнаци
Ако сте во врска:
Можни се некои несогласувања и препреки со партнерот и нема да може да најдете заеднички јазик околу некои планови. За среќа, отворени сте за компромиси. Неопходно е да се посветите на нешто што долго време го одложувате. Во втората половина на месецот ќе се дружите повеќе со заеднички пријатели и ќе имате поголема иницијатива за забава и излегување. Обрнете внимание на детали за врската да биде стабилна.
Ако сте слободни:
Може да се случи да се заљубите на почетокот на месецот, а тоа ќе биде личност која ја познавате преку заедничко друштво. Ако претходно сте биле само пријателски настроени, сега ќе откриете нови заеднички теми и ќе се привлекувате. Кон крајот на месецот може да се покаже дека не сте еден за друг, но и покрај тоа ќе уживате во авантурата.
Рак
Ако сте во врска:
Предложете му на партнерот заеднички активности со кои ќе си го исполните времето и ќе го забрзате остварувањето на посакуваните желби и планови. Ве очекува стабилност во врската бидејќи повеќе време ќе посветите на она што ве привлекува еден со друг. Во втората половина на месецот можно е да одите на патување на кое ќе уживате целосно. Ќе бидете мотивирани да си пружите повеќе поддршка, но внимавајте кон крајот можно е да се појават несогласувања.
Ако сте слободни:
На почетокот можно е да запознаете личност од странство, со која ќе се сретнете на патување или преку заеднички познаник. Ќе имате убави и возбудливи денови поминати заедно, а подоцна можеби ќе сфатите и дека е возможно да имате врска на далечина. Сепак, тоа не е нешто со што би биле задоволни и интересот на партнерот нема да биде толку голем како вашиот.
Лав
Ако сте во врска:
Првиот дел од месецот ќе го искористите за средување на заедничкиот простор за живот. Ќе сакате повеќе време да поминувате во домашна атмосфера со блиските од семејството. Тоа позитивно ќе се одрази на односот со саканата личност, но кон средината на месецот можно е заладување на истиот. Ќе заземете различни ставови за заедничките активности, па внимавајте незадоволството да не прерасне во голем проблем.
Ако сте слободни:
Првата половина на март ќе ви донесе познанство со личност која е поразлична од сите кои ги познавате. Ќе биде образована, информирана и отворена за разговори. Ќе ви се допадне на прв поглед и почесто ќе почнете да се гледате бидејќи ќе најдете многу заеднички работи. Ќе треба малку повеќе да се потрудите за да ја освоите личноста на емоционален план, бидејќи се работи за амбициозен кариерист.
Девица
Ако сте во врска:
Односите со саканата личност ќе ви бидат исполнети со слога и разбирање уште на почетокот на месецот. Ќе поминувате повеќе време заедно и ќе си пружате искрени емоции и поддршка. Ќе ви годат излегувањата на забавни места и ќе бидете расположени за патувања во природа. Кон средината ќе се посветите на она што долго време сакате да го подобрите во врската, а за тоа многу ќе ви помогне позитивната комуникација.
Ако сте слободни:
Ќе посакате да почнете сериозна врска на долгорочен план и ќе барате некој кој ви делува уверливо на тој поглед. Повеќе ќе ви годат забавни луѓе, отколку сериозни и практични. Самите сте доволно сериозни и потребно ви е некој да ве расположи и насмее. Шансите да запознаете некој ќе се зголемат кон средината на март и иако на почетокот можеби ќе биде само физичка привлечност, може да прерасне во нешто повеќе.