Јарецот ве носи дома кога сте пијани, Рибите не забораваат роденден: Какви пријатели се хороскопските знаци?
Пријателството е инвестиција – колку повеќе вложуваш, толку повеќе добиваш. Секој од знаците во Зодијакот се истакнува со позитивни карактерни особини кога станува збор за пријателството.
Зошто секој од 12-те знаци може да ви биде добар пријател? Каков пријател сте вие според Зодијакот?
ОВЕН
Овенот е најдоброто друштво што може да го замислите. Секогаш се приспособува според пригодите и настаните. Сериозен е кога треба да се разговара нешто важно и сосема опуштен кога има забава. Овенот воедно е одличен слушател, советник и чувар на тајни.
БИК
Кој ги носи најубавите подароци? Секако, највнимателниот другар, Бикот. Бикот долго ги обмислува подароците за пријателите. Истражува и анализира, бидејќи сака да подари нешто што е истовремено и практично и интересно.
Мора да е перфектно спакувано и задолжително да има картичка со посвета.
БЛИЗНАЦИ
Ако направите некоја лоша работа, Близнаците се први кои ќе ви дојдат на помош. И не само тоа, тие нема никогаш да ве осудат за постапката. Размислуваат брзо и енергично и ќе смислат решение за проблемот пред кој било друг знак од Зодијакот.
РАК
Ви треба рамо за плачење? Ви треба некој што ќе ве ислуша додека ви вари шолја чај или топло чоколадо? Обратете се кај Ракот.
Тој е единствениот кој има доволно трпение да ги слуша туѓите проблеми и слично како и Близнаците – да не ве погледне со прекор и осуда.
ЛАВ
Можеби ќе се изненадите од следниот податок, но Лавот е оној кој најдобрo ќе ве нагости. Тој е специјалист за добра храна и вино, има истенчен гастрономски вкус и смета дека добрите пријатели го заслужуваат исто така најдоброто од она што има да го понуди трпезата.
ДЕВИЦА
Имате проблем да пронајдете некој апарат за домаќинството? Подарок за свадба, капут за себе или чизми на попуст? Добро организираната Девица го има одговорот на сите овие прашања.
Со неа шопингот е задоволство, брза е, методична и добро информирана за сите попусти и настани од ваков тип. Таа е најдобриот другар за купување кој може да го најдете.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





