Љубовен хороскоп за февруари 2018: Лавовите ќе привлекуваат авантури, Скорпиите ќе се двоумат меѓу повеќе личности

ljuboven-horoskop-za-fevruari-2018-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе бидете расположени за забава и отворање на многу теми со партнерот. Идеите за разбивање на монотонијата ви се одлични. Ќе ви се пружи шанса за заеднички викенд со партнерот и не треба да се двоумите.

После 17-ти февруари очекувајте несогласувања. Нема да може да се разберете околу важни животни прашања, а ќе откриете и тајни кои сте ги криеле еден од друг подолго време. Ќе ви биде потребно големо трпение и толеранција до крајот на месецот.

Ако сте слободни:

Ако подолго време се обидувате да привлечете внимание на личност која ви се допаѓа, ова е месецот кога треба да се откажете. Не користете невина личност за да извлечете информации за лицето кон кое имате симпатии. Непотребно ќе повредите туѓи чувства.

Дозволете им на други луѓе да ви се доближат. Средината на месецот е поволен период за да присуствувате на настани со многу луѓе. Преку разговор со повозрасна личност ќе откриете што точно ве привлекува.

Скорпија

Ако сте во врска:

Овој месец неопходно е да поставите подобар баланс помеѓу времето посветено на партнерот и семејството и пријателите. Ако избегнувајте дружби, ќе се наполните со фрустрации кои ќе ги исфрлите врз партнерот.

По 11-ри февруари треба да бирате активности кои ќе ви донесат освежување во врската. Добро сте расположени, па затоа посветете се на организирање на интимни моменти во пар.

Во втората половина од месецот избегнувајте големи семејни собири за да избегнете големи конфликти.

Ако сте слободни:

Овој месец лесно ќе се заљубувате и нема да можете да се одлучите помеѓу повеќе личности. Ќе фантазирате и ќе чекате другата страна да направи прв чекор. Не ја пропуштајте шансата за возбудлива емотивна врска заради несигурност.

Кон крајот на месецот, поточно после 25-ти февруари ќе се разбудат страстите во вас, што ќе ве доведе до избрзана авантура. Важно е да ги отворите картите, бидејќи и најмалото недоразбирање може да биде катастрофално.

Стрелец

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот ќе ви донесе добри идеи и иницијативи со кои ќе ја воодушевите саканата личност, па тоа ќе ја подобри динамиката на вашата врска. Ќе се зголемат и страстите, што секако ќе ви одговара. Ќе бидете покомуникативни од вообичаено и тоа може да ви открие нови информации за партнерот.

Избегнувајте било какви тајни од саканата личност. Ако имате многу тајни, ова е месецот кога треба да бидете внимателни во однос на довербата.

Ако сте слободни:

Ќе се заљубите во лице кое ќе го запознаете преку заеднички пријатели и ќе имате добри намери. Потребно е да не ги комплицирате ситуациите непотребно, туку да ги пуштите да се одвиваат по слободен тек.

Крајот на месецот може вниманието да ви биде одвлечено од сосема нова личност која ќе ве покани на интересна авантура. Ако седите на две столчиња, може да ги изгубите и двете шанси, затоа бидете поодлучни.

Јарец

Ако сте во врска:

Вашиот однос со партнерот ќе биде напнат во првата половина на февруари. Ќе бидете заинтересирани за забава, ќе бидете склони на тајни и премолчување на важни информации од партнерот. Обидете се подобро да го организирате заедничкиот живот.

По 16-ти февруари е поволен период да го надокнадите она што сте го пропуштиле и да го исправите она што сте го згрешиле во љубовниот однос. Посветеноста и трпението се клучни до крајот на месецот. Вратете ја близината со време.

Ако сте слободни:

Преку близок пријател ќе запознаете личност со која ќе почнете да се гледате и да излегувате. Ќе започнете емотивна врска, но ќе се замеша трета личност која може да ви го украде мирот.

Проверете ги сите гласини кои ќе дојдат до вас, не ја идеализирајте саканата личност. Ќе ви треба време за да донесете правилна одлука, не избрзувајте и добро размислете.

Водолија

Ако сте во врска:

Посветете се на планирање заеднички активности. Несогласувањата кои ќе бидат пред вас на почетокот на месецот треба да ги решите со креативност, не со молчење.

17-ти февруари е денот кога вашата комуникација ќе се подобри, а тоа ќе ве мотивира за активности во пар. Доколку имате разбирање и трпение, тоа ќе го натера партнерот да сфати дека вие сте „вистинската личност“ и ќе ви понуди врската да ја однесете чекор подалеку.

Погрижете се да ги разјасните очекувањата од иднината и да се осигурате дека исто ја замислувате.

Ако сте слободни:

Личност која неодамна ја сретнавте и ви го привлече вниманието, може да се врати во вашиот живот со примамлива понуда. Ако имате заеднички интереси, дајте ѝ шанса да се покаже во најдобро светло.

Овој месец е важно да бидете во друштво на луѓе кои ви ги будат емоциите, а не површните задоволства. Доколку немате расчистено со љубови и врски од минатото, ова е добар месец конечно да го направите тоа.

Риби

Ако сте во врска:

Почетокот на февруари е добар период да направите нешто со партнерот што одамна го одложувате. Ќе имате понуда да одите на заедничко патување со која треба да внимавате. Работите може да се искомплицираат или да имате непредвидени трошоци кои ќе доведат до мали турбуленции во односот.

15-ти февруари ќе ви донесе мотивација за промени во љубовниот однос. 21-ви февруари пак, ќе ви донесе поголема желба за слобода и страст. Обидете се да не правите непромислени чекори надвор од врската.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете лице кое живее во странство и ќе ве привлече со неговите/нејзините поинакви размислувања. Проблемот ќе настане кога нема да може да се договорите што ќе правите по неговото/нејзиното враќање.

Затоа, овој месец штедете си ги емоциите. Прифатете дека нема да има ништо повеќе од убави авантури. Шансите за трајни и стабилни врски овој месец се мали.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Кои хороскопски знаци ги очекува љубов до крајот на летото 2024? Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg