Бикот се грижи за другите, Ракот ќе се удави во солзи и храна - какви се знаците кога се во „депресија“?

Сите различно реагираме во различни ситуации и не секој се соочува подеднакво добро со стресот.

Kakvi-se-znacite-koga-se-vo-depresija-01.jpg

Ова нормално важи и за хороскопските знаци. Некои се послаби, други пак посилни кога се соочуваат со животните предизвици.

Едните излегуваат како победници, а на другите им треба малку повеќе време да се изборат до темните депресивни денови.

Како вие излегувате на крај со депресијата и сивилото?

Овен

Овенот дејствува агресивно и ќе ги нападне дури и оние кои се најмалку виновни за неговата состојба, без најмала провокација.

Ќе сака да биде опкружен со луѓе мислејќи дека така побрзо ќе се избори со депресијата, но луѓето нема да сакаат да се во близина на намуртениот Овен.

Бик

Бикот ќе ја рефлектира својата депресија врз другите околу него и ќе даде сè од себе да се погрижи за нив. На кратко дури и ќе се убеди дека има сојузници во овој процес, дека и другите се исто толку несреќни како него и дека не е сам.

Близнаци

Најдобриот лек против депресијата за Близнаците е работата. Тие ќе си го пополнат времето со обврски до последната минута додека не се изборат со негативните мисли.

Рак

Ракот ќе се затвори во собата и откако добро ќе се најаде и исплаче, задолжително ќе побара помош и поддршка од семејството и пријателите. Можно е да се заборави во играњето друштвена игра додека буквално не му се приспие, а утредента да нема никаква трага од тагата.

Лав

Лавот нема ништо против кога луѓето го сожалуваат, бидејќи и на тој начин ќе го добие вниманието кое толку многу го посакува. Ќе организира голема забава каде што ќе очекува сите да му бидат благонаклонети и постојано на услуга.

Девица

Методичната прагматична Девица ќе се убеди самата себе дека овие чувства на негативност се ирационални и лажни и дека наскоро ќе поминат, сè додека не им обрнува премногу внимание и не мисли на нив.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg