Љубовен хороскоп за јануари 2018: Овните ќе започнат заеднички живот, Водолиите тајна врска

Во текот на месец декември, 2017 година, имавте можност да прочитате што ве очекува во 2018-та според хороскопот.

ljuboven-horoskop-za-januari-2018-ovnite-kje-zapochnat-zaednichki-zhivot-strelcite-kje-se-vratat-na-stara-ljubov-01.jpg

Но, сега да се фокусираме на првиот месец од годината и на полето љубов.

Што може да очекува секој хороскопски знак од љубовта во јануари 2018, дознајте во продолжение:

Овен

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе имате идеи за нови заеднички цели и ќе имате сериозни разговори околу тоа, што на двајцата ќе влијае позитивно. Во исто време ќе работите и на остварување на претходно зададените цели, а можно е да започнете со заеднички живот.

Ќе внесете промени во врската и односот ќе ви се освежи и подобри. Повеќе ќе се дружите со заедничките пријатели и ќе се забавувате. Ќе имате повеќе слободно време кое ќе си го посветувате и ќе бидете расположени за заедничките интереси.

Ако сте слободни:

Ќе бидете заинтересирани да запознаете личност со која ќе можете да започнете сериозна врска и со која ќе се сложувате за поголем дел од работите. На почетокот лесно ќе се вљубувате, но ќе ја најдете личноста која брзо ќе ве освои на прв поглед.

Но, бидете внимателни, бидејќи иако прво можеби ќе изгледа како целосно да си одговарате, сепак можеби на крајот ќе сфатите дека ви е подобро во порелаксирана врска и ќе си ја сакате слободата.

Бик

Ако сте во врска:

На почетокот ве очекуваат многу дружења и забава, па со партнерот ќе имате можност за заеднички патувања и посветување време еден на друг.

Страста помеѓу вас ќе се разбуди и разгори, па врската ќе биде исполнета со динамика која ќе ви годи на двајцата. Ќе има моменти кога нема да можете да му излезете во пресрет, па тоа може да предизвика конфликти, но тоа ќе се промени кон крајот и ќе почнете повеќе да се приспособувате на ситуацијата.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот лесно ќе паѓате под влијание и ќе се заљубувате, а ќе запознаете личност која ќе ве привлекува физички, но брзо ќе сфатите дека освен тоа, немате ништо друго заедничко.

Тоа нема да биде препрека за возбудливата авантура која ве очекува во наредниот период. Сепак, кон крајот на месецот можни се минимални конфликти доколку се впуштите во тајна врска, па бидете внимателни.

Близнаци

Ако сте во врска:

Јануари ќе биде погоден месец за усогласување на односите со партнерот и помеѓу вас ќе се зајакне привлечноста и врската. Ќе ви годат интимните моменти кои ќе ги поминете заедно, а еден на друг ќе си пружате искрени емоции повеќе од вообичаено.

Ќе сакате да поминувате квалитетно време заедно и ќе наоѓате нови заеднички интереси. Кон крајот може да разговарате за заеднички живот или за качување на ново скалило во врската.

Ако сте слободни:

Првиот месец од годината ќе биде одличен период за запознавање личности со кои може да започнете емотивна врска. Ќе чувствувате физичка и емоционална поврзаност и ќе имате многу заедничко уште пред подобро да се запознаете.

Вашите очекувања од љубовта конечно ќе се остварат, но немојте да планирате врски без обврски. Условите за сериозна врска се идеални.

Рак

Ако сте во врска:

Јануари за вас ќе биде важен месец на поле љубов, а ќе бидете во можност да ја подобрите емотивната врска и да поставите темели за долгорочно согласување и исполнување помеѓу вас и партнерот.

Ќе имате можности за забава и смеење, а страстите ќе се разгорат многу повеќе од што очекувате. Треба да се договорите околу заедничките цели, но ќе успеете да најдете нови заеднички интереси.

Ако сте слободни:

Јануари ќе ви понуди можност да се впуштите во еротска авантура, но можно е да се појават и емоции. Ќе се најдете во ситуација да бирате помеѓу повеќе личности заинтересирани за вас, а личноста која најмногу ќе ве привлече од почеток, ќе биде онаа со која ќе имате силна поврзаност.

Лав

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот одлично ќе ги препознавате потребите на саканата личност и ќе знаете како да ги задоволите. Ќе покажете интерес за заеднички работи и возбудата ќе биде на високо ниво.

Средината на месецот ќе донесе недоразбирања и можни конфликти, па ќе мора да ја препуштите работата на партнерот и да разговарате за тоа како ќе се одвива врската понатаму.

Ако сте слободни:

Ќе бидете повеќе заинтересирани за површни познанства и заеднички излегувања и забава, отколку што ќе барате некој со кој ќе започнете врска. Ќе ве привлекуваат луѓе со слободен дух кои размислуваат поинаку од сите останати.

Ќе ви пречат личности заради кои нема да можете да бидете во центарот на вниманието и ќе избегнувате однос со нив.

Девица

Ако сте во врска:

Ве очекува динамичен месец полн со случувања. На почетокот ќе имате убави заеднички моменти со партнерот и ќе си пружате нежност и искрени чувства. Можно е да одите на кратко патување, а ќе ги разгорите и страстите кои долго биле длабоко скриени.

Ќе имате можност да го зголемите заедничкиот буџет и ќе разговарате на несекојдневни теми кои добро ќе влијаат за односот.

Ако сте слободни:

Ќе ви се пружат можности за влегување во љубовна врска и одеднаш ќе се најдете помеѓу повеќе додворувачи, но вие ќе сакате да привлечете некого кој веќе подолго време ви се допаѓа.

Ве очекува многу динамика, забава, возбуда и страсни авантури, но до крајот на месецот ќе мора да донесете конечна одлука.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg