Годишен хороскоп за 2018-та - Стрелец
Стрелците ќе имаат енергична година со интензивни емоции на љубовен план, но и одредени финансиски потешкотии.
Стрелците во 2018 ќе имаат ниво на енергија какво што немале веќе неколку години. Фрустрациите и проблемите ќе исчезнат, а тие ќе се чувствуваат подобро околу својот живот.
Иднината, иако не е сигурна, изгледа посветла и носи напредок во сите сфери. Безгрижниот став на Стрелците ќе биде заменет со поодговорно однесување. Социјалниот живот ќе им цвета, додека носењето на некои сериозни одлуки ќе им биде причина за несоница.
Припадниците на овој хороскопски знак треба добро да ги проценат своите идни планови и да останат во рамките на своите можности. Многумина од нив ќе успеат да си го обезбедат домот од соништата, ако бидат внимателни со потезите во 2018.
Дури по месец октомври следуваат големи промени на поле кариера, но позитивноста и посветеноста се неопходни.
Работа и финансии
Ставете ја својата креативност во прв план и професионалните обврски ќе ги извршувате со леснотија и достоинство. Вашите дела ќе говорат погласно од зборовите, а успехот ќе доаѓа на вашата адреса од сите страни.
Сепак, не опуштајте се и работете на градење мостови во професионалните односи и поправете ги срушените, ако имате такви. Вашата пречувствителност може да застане на патот на вашиот напредок, па внимавајте на лажните ветувања што ви се сервираат од страна. Помогнете им на колегите на работното место, потребно им е.
Ќе имате многу неизбежни трошоци и ќе почувствувате финансиски дефицит. Обидете се да ги подмирите долговите и порационално да располагате со парите. На тој начин ќе се заштитите од комплетен финансиски колапс во иднина.
Љубов
Во 2018 ве чека посветол и посреќен љубовен живот. Ќе имате чувство на зрелост во однос на вашата емоционална страна. Мора отворено да ги изразите своите емоции ако сакате хармонија и развој на ова поле.
Не го заборавајте минатото, но живејте во сегашноста и планирајте ја иднината. Оваа година е вистинското време да комплетно да се поврзете со некого.
Зафатените Стрелци не смеат да бидат импулсивни во односот со партнерот, ако не сакаат немир во врската. Одмерете ги убаво предностите и слабостите пред да носите важни одлуки во љубовта. Држете се на страна од неодоливите понуди во љубовта и верувајте му на разумот. Преземајте чекори според вашата совест и не дозволувајте други да ви го диктираат животот.
Слободните Стрелци во 2018 ќе имаат многу можности, но и предизвици. Во последните години имавте голем број лекции за меѓучовечките односи и добро е што некои врски ги пресековте. 2018 ќе ви биде многу интензивна на поле емоции. Тајните и играта на потсвеста ќе бидат активни. Ќе бидете во искушение и во јануари може да влезете во тајна емотивна врска.
Здравје
Ќе бидете полни со енергија во 2018 и здравјето ќе ви биде одлично. Но, извесна криза во животот може да ви предизвика голем стрес, па ќе треба да пронајдете начин да се релаксирате во тој период. Сторете го тоа со физички активности на отворено и богат социјален живот.
Најблиските ќе ви приговараат дека не обрнувате многу внимание на здравјето во 2018, па послушајте ги и посветете се на здрава исхрана.