Што прави секој од хороскопските знаци пред новогодишните празници?

Вага

Вагите ќе се жалат поради неодлучноста во врска со подароците, односно што да купат за најблиските. Тие очајно ќе се обидуваат за секого да има по нешто подеднакво интересно и сите да добијат подарок.

Особено многу внимание и време одвојуваат додека бираат подароци, бидејќи сакаат секому да угодат и сите да бидат среќни. Сепак, завршуваат малку тажни и нервозни на крајот од купувањето и виткањето, бидејќи изгубиле премногу време и енергија во процесот.

Скорпија

Слично како и Близнаците и лукавите Скорпии биле дел од Black Friday шопингот, но исклучиво заради своите сопствени желби. Тие ќе создаваат благ хаос наоколу. Можно е да ви го дрпнат парчето облека од раце или во истиот момент кога ќе се свртите накратко да погледнете на другата страна.

На крајот ќе си отидат дома со полни ќеси и огромна насмевка на лицето, бидејќи успеале да си купат сè што сакаат за празниците и да ги измамат сите.

Стрелец

На Стрелците им е важна само забавата. Тие сакаат да се дел од предновогодишните забави каде што ќе има буквално сè, што од гости, што од храна.

Сакаат да се дружат, да измешаат солено и слатко, секакви пијалаци и откако ќе заврши едната забава веднаш да продолжат со друга на сосема ново место. Кога се во добро расположение не им пречи никаква музика, што значи дека одлично ќе се забавуваат и на рок и на турбо фолк забава.

Јарец

Практичните Јарци ќе го избегнат предновогодишниот хаос по секоја цена. Наместо тоа, ќе ги порачаат подароците онлајн од дома, а не им пречи да јадат и готова пица наместо да поминат 4 часа во подготовка на вкусен оброк.

Потајно посакуваат целиот хаос да заврши што е можно побрзо и да се вратат на старата добро утврдена рутина. Најчесто не може да сфатат зошто луѓето се опседнуваат толку многу со празниците, но сепак купуваат подароци за најблиските.

Водолија

Водолиите немаат некое особено мислење за Новата година, но со нетрпение го очекуваат Бадник, особено добропознатото Коледе. Сакаат да одат од врата на врата и да пеат коледарски песни со изменети стихови во сопствен аранжман.

И самите необични по природа, сакаат да се издвојуваат од останатите, па одат од една во друга крајност – или нема да имаат ништо украсено по дома или ќе ја чуваат новогодишната елка нераскитена до март.

Риби

Кога се работи за подароците, Рибите се можеби најдарежливи од сите 12 знаци во Зодијакот. Тие ќе ја потрошат сета своја заштеда доколку е потребно, само за да го купат совршениот подарок за саканата личност.

Уживаат во долги, романтични вечери, ситни пријатни гестови кои ним им значат многу, а во претпразничниот период сакаат добро да се опуштат со посета на некој спа центар и масажа на стапалата.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg