Најголемата иронија кај секој хороскопски знак
Вага
Почитува луѓе кои се однесуваат сериозно, а Вагата е секогаш прва расположена за несолени шеги. Мрази луѓе кои се однесуваат незрело, а сите мејлови со мрсни вицеви кои циркулираат во компанијата се токму од Вагата.
Скорпија
Скорпијата се вади од такт поради луѓето кои се зависни од нешто или некого, а во принцип како знак може да бидат прилично зависни од некои пороци. Кога ќе се врзат за некоја личност, не ја пуштаат за ништо на светот.
Стрелец
Сака да го доживуваат луѓето како кул и опуштен, а всушност си го губи умот за најситните, најбесмислените нешта. Работи на кои вие никогаш не би им обрнале внимание, Стрелецот ќе успее да се изнервира или навреди.
Јарец
Нема да ви ги открие никогаш своите чувства, ама ќе ве праша 20 пати едно по друго како се чувствувате вие кон нив и дали искрено ги сакате. И по можност и да го докажете тоа, бидејќи зборовите немаат многу значење.
Водолија
Водолиите секогаш нудат совети и се грижат за сечие туѓо здравје, освен за своето. Ќе ве предупредат неколку пати дека треба редовно да одите на прегледи, иако тие самите не биле на доктор од систематскиот преглед во основно училиште.
Риби
Рибите не можат да ги сфатат луѓето кои тешко се адаптираат на промени и оние кои не може да прејдат преку некои работи, а самите може да држат гнев во себе неколку години. Тешко простуваат и уште потешко забораваат.
(О)Милена | Црнобело