Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Kои се петте најдуховити хороскопски знаци?

Шармот, вродената дарба да забавуваат и одличнaта смисла за хумор посебно се истакнуваат кај личностите кои се родени во овие пет знаци. Дали сте и вие меѓу нив?

koi-se-pette-najduhoviti-horoskopski-znaci-001.jpg

Некои луѓе се природни комичари и шегаџии, а астролозите велат дека тоа не е случајно. Во нивно присуство, смеата до солзи е секогаш загарантирана, со мноштво досетки, вицеви или саркастични коментари на менито.

А, петте најдуховити хороскопски знаци се:

Стрелец

Стрелците имаат опуштен пристап кон животот, па не зачудува што се изразито духовити и омилени во друштвото. Ретко се песимистични и во сè се обидуваат да пронајдат барем трошка позитивност. Поради тоа, нивната околина ги обожува, дури и кога шегите ќе им преминат во сарказам. Тие што се во врска со Стрелец, може да приметат дека преку хуморот, всушност се обидуваат да ги прикријат вистинските чувства. Клучот е во комуникацијата.

Скорпија

Исклучително интелигентни и саркастични, Скорпиите ќе ве воодушеват со досетките и шегите, кои вам самите никогаш не би ви ни паднале на ум. Дури и во најтешките ситуации, тие знаат да дофрлат краток, но урнебесен коментар, којшто на сите ќе им изнуди насмевка на лицето. А, споменавме ли и дека се вистински мајстори за имитација?

Рак

Луѓето родени во овој знак се нежни и романтични души, но тоа не значи дека немаат харизма. Напротив, нивниот хумор е заразен! Раковите ги запазуваат ситниците, па во јавноста неприметно ќе ви покажуваат работи, поради кои постојано ќе се превиткувате од смеа. А, нивните комични забелешки се секогаш освежувачки и на место.

Близнаци

Кога се зборовите во прашање, никој не е повешт во нивната примена од Близнаците. Тие не ги повторуваат старите и излитени вицеви, туку самите измислуваат духовити приказни. А, нивните реченици се толку остроумни и исполнети со хумор, што не ќе може да се воздржите од смеа. За личноста родена во знакот на Близнаци, се вели дека е „Шекспир на шегите“!

Водолија

Водолиите се толку опуштени, што понекогаш не ни забележуваат дека се духовити. Со своите муабети, ги фасцинираат луѓето околу себе. Тие се кул по природа, па нивните шеги ќе бидат полни со референци од поп-културата, кои не само што ќе го насмеат друштвото, туку и едуцираат, но на сосема симпатичен начин.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
5 хороскопски знаци кои имаат најчиста душа Кога размислуваме за луѓе со чиста душа, ги замислуваме оние кои зрачат со добри...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
5 хороскопски знаци кои би биле врвни адвокати Девиците се истакнуваат со интелектот и вештините за комуникација, а притоа можа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg