Овните сакаат акција, Лавовите љубовна драма: Омилените филмски жанрови на хороскопските знаци
Кога сакаме да гледаме некој филм, честопати се двоумиме каков жанр да биде филмот. Некогаш сме расположени за психолошка драма, а некогаш сакаме и добар хорор.
Астрологијата знае да одреди многу нешта во животот, па и филмот.
Во продолжение откријте во какви филмови ужива секој хороскопски знак:
Овен – акција и романтични комедии
Овенот сака филмови со многу акција и авантура, но повремено ужива и во некоја интересна романтична комедија. Омилени филмови му се акциите „Џејмс Бонд“ и „Умри машки“ и комедијата „Раскинување“ со Винс Вон и Џенифер Анистон.
Бик – филмови со насилство
Биковите преферираат филмови со насилство и со секс, во стилот на Квентин Тарантино. Знаат да уживаат и во некој црно-бел филм како оние со Чарли Чаплин или анимиран, на пример „Finding Nemo.“
Близнаци – психолошки драми
Најдобриот избор за Близнаците се психолошки драми со интересно сценарио. Меѓу омилените им се „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“, а сакаат и филмови со доза еротика како што е „9 ½ weeks.“
Рак – документарци
Емотивните Ракови сакаат љубовни филмови како „Mona Lisa Smile“, но и историски филмови и документарци од кои можат нешто да научат.
Лав – љубовни драми
Иако не признаваат, Лавовите сакаат сентиментални филмови како што се „The Notebook“ и „Terms of Endearment“. Ги сакаат и филмовите во кои глуми Клинт Иствуд.
Девица – филмови со животни
Девиците се практични, па може да се прилагодат на повеќе жанрови. Уживаат да гледаат филмови во кои животните се во главна улога, како што е филмот за кучето Хачико со Ричард Гир.