Љубовен хороскоп за јули 2017: Лавовите ќе влезат во паралелни врски, Скорпиите ги чека заеднички одмор

ljuboven-horoskop-za-juli-2017-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Вашиот партнер ќе се чувствува запоставено, затоа што ќе бидете посветени на други обврски, а кога ќе бидете заедно, ќе бидете уморни и напнати. Во одредени моменти ќе реагирате импулсивно, а тоа носи до ладен однос во врската. Бидете внимателни и избегнувајте конфликти и расправии. Заедничкиот одмор може најмногу да ви помогне да се опуштите и да уживате во друштвото на саканата личност. Ќе имате доволно време еден за друг.

Ако сте слободни:

Кога се работи за започнување на нова врска, ќе бидете многу неодлучни и различно расположени. Постои некој кој ве привлекува и со кој веќе сте во контакт. Но, има и нешто што ве одбива од истата личност. Премногу ја идеализирате личноста, а тоа може да ви донесе само разочарување. Во еден момент ќе станете многу блиски, а потоа ќе почнете да се повлекувате. Тоа ќе ви ги отежни работите.

Скорпија

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе разговарате повеќе од вообичаено, на различни теми кои ќе се однесуваат на вашите заеднички интереси и секојдневие. Двајцата ќе уживате во долгите разговори кои ќе ве опуштаат и ќе ви го подобрат емотивниот однос. Ќе дознаете и нешто повеќе за потребите и очекувањата на саканата личност. Во втората половина на јули, Венера ќе ви донесе убави моменти со партнерот во кои двајцата ќе уживате. Искористете го тој период за заеднички одмор кој ќе ви остане во сеќавање.

Ако сте слободни:

Личноста која сакате да ја освоите и со која ќе сакате да започнете врска, ќе ви изгледа многу лежерно и несериозно на почетокот. Ќе чувствувате дека не ве забележува и не е заинтересирана. Но, всушност, вие не ги забележувате скриените сигнали кои ќе ви ги испраќа. Влијанието на Венера ќе придонесе да имате шанси за нова врска, но под услов да бидете внимателни.

Стрелец

Ако сте во врска:

Овој месец ќе ви донесе услови да ја подобрите вашата врска и да смислите како ќе го искористите заедничкото време. Ќе уживате во разговори на различни теми и ќе разменувате идеи за заеднички цели. Ќе се сложувате за многу работи. Средината на јули е вистинско време за заеднички одмор, каде ќе се посветите еден на друг и квалитетно ќе го поминете заедничкото време. Поддршката, забавата и разбирањето кои ќе ги имате, ќе ви помогнат да се зближите и да ја унапредите врската.

Ако сте слободни:

Ќе бидете дружељубиви и ќе го трошите времето на излегувања и забава. Некој ќе ви го привлече вниманието, но и вие ќе привлечете нечие внимание. Ќе дојдете во ситуација кога ќе се обидете да освоите некого, а некој друг ќе сака вас да ве освои. Ќе има ситуации кога ќе сакате само секс за една ноќ и ништо друго нема да ве интересира кај личноста. Ако влезете во нова врска, постои можност истата уште на почетокот да биде нестабилна.

Јарец

Ако сте во врска:

Во првата половина на јули, вашите односи со партнерот ќе бидат напнати и нестабилни. Ќе имате несогласувања, караници и недоразбирања, кои може да доведат до емоционални реакции од двете страни, а дури и до прекинување. Другата половина на месецот искористете ја за да дојдете до заеднички решенија. Ако не се потрудите, ситуацијата ќе се влоши. Избегнувајте премолчување и криење на работи од партнерот. Бидете искрени и отворени за решавање на несогласувања.

Ако сте слободни:

Површниот пристап кон личноста која ви се допаѓа и сакате да ја освоите, може да ви донесе само неуспех. Многу зборување, а малку покажани дела не е тоа што ќе ви ја отвори вратата за нови врски. Овојпат сте наишле на тврдоглава личност и ќе мора многу да се потрудите и да де докажете ако сакате некаков фидбек. Ако успеете да се докажете, ќе започнете врска.

Водолија

Ако сте во врска:

Во поголемиот дел од месецот ќе бидете комуникативни и полни со иницијативи, што ќе му годи на вашиот партнер. Ќе наоѓате нови заеднички интереси и ќе имате идеи за вашите следни заеднички цели. Партнерот позитивно ќе регагира на вашите предлози, бидејќи знаете што сака. Добро ќе се согласувате и разбирате со саканата личност и за сѐ ќе се договарате. Искреноста и отворениот однос ќе преовладуваат, а кон крајот на месецот можеби ќе ви излезе прилика за некое кратко патување.

Ако сте слободни:

Ќе бидете мотивирани повеќе да излегувате, да се дружите и забавувате. Ќе запознаете личност која ќе ве привлече и ќе се обидете да ја освоите. Сличните интереси и интелектот уште повеќе ќе ве привлечат, но ќе бидете и склони кон идеализирање. За да отидете чекор напред кон врска, потребно е да бидете реални.

Риби

Ако сте во врска:

Во месец јули ве очекуваат пријатни заеднички моменти со саканата личност, исполнети со разбирање и разговори на различни теми. Постои можност за преуредување на вашиот дом, а во врска со тоа ќе бидете сложни и полни со ентузијазам. Средината на јули е поволен период да одите на подолг одмор или заедничко патување на некоја позната дестинација. Повеќе излегувања и дружење со пријателите ќе ви годи на двајцата.

Ако сте слободни:

Можно е да започнете нова врска со личност која ќе ве привлекува и ќе ви ги буди страстите, но може и да ве вовлече во многу непријатни ситуации. Таа личност има силни страсти, немирна е и склона да ги вовлекува другите во проблеми. Динамиката ќе ве исцрпи и ќе се обидете да ја прекинете врската, но нема да ви оди лесно.

 М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg