Која е злобната страна на секој хороскопски знак?

Во астрологијата, хороскопскиот знак Риби, има симбол на 2 риби поврзани за опашката, кои пливаат заедно во две спротивни насоки: кон рајот и пеколот.

otkrijte-ja-vasata-zlobna-strana-spored-vasiot-horoskopski-znak-1

Секој хороскопски знак има своја темна страна, што како сенка го прогонува и носи некои несензитивни одлуки наместо него.

Ако умеете да се насмеете на своја сметка, прочитајте која е темната страна на вашиот хороскопски знак:

Овен

Овните се импулсивни. Тие се водени од Марс, планетата на војната, и тие се секогаш подготвени да скокнат во битка при првиот импулс. Среќни сте ако можете да избегате од нивниот презир, што може да се случи само ако некој друг ги деконцентира, па така да заборават на планот да ве уништат.

Бик

Има скриена опасност во наизглед мирниот и прибраниот Бик. Луѓето кои ги знаат, за нив ќе кажат дека тие речиси никогаш не се лутат. Сепак, тие можат да бидат многу бесни, но имаат висока точка на вриење.

Тие чекаат додека емоциите целосно не го надвладеат нивниот разум, а кога тоа ќе се случи - губат секаков допир со реалноста и треба да се плашите од нив.

Близнаци

Близнаците имаат проблем со нивниот кредибилитет, што значи дека многу често лажат и речиси се неспособни да ја кажат вистината. Причина за тоа може да биде фактот што тие секојпат знаат да си ја менуваат вистината според нивното расположение.

Иако тие не се многу злобни, нивните лаги можат да им помогнат да направат некои недозволиви работи.

Рак

Раковите знаат да бидат многу опсесивни. Тие имаат голема потреба да сакаат и да бидат сакани. Кога ќе се опседнат со некој, тие едноставно не можат да се откажат додека не стигнат до целта.

Нивната потреба од љубов е толку голема, што може да го уништат секој, кој ќе им се најде на патот како пречка. Може да се каже дека Ракот е еден од „позлобните“ знаци, но не е на прво место, само поради тоа што изворот на нивната „злоба“ е поради љубов.

Лав

Лавот никогаш нема да помине некоја своја морална граница само за да повреди некој директно. Тие мислат дека тие се над тоа, затоа што се подобри од сите други знаци и можат да се контролираат. Но, сепак можат да направат индиректно да се чувствувате како да сте под нив.

Тие ќе направат да бидете љубоморни на нив и да се чувствувате очајно, затоа што не можете да бидете исти како нив. Омилени алатки за одмазда на Лавот се социјалните мрежи и озборувањето.

Девица

Девиците се многу критички настроени. Нивниот критицизам доаѓа од потребата да ви помогнат. Тие секогаш се трудат да се подобрат на некое поле и затоа мислат дека и вие сакате да слушнете нешто лошо за вас, со цел да го поправите тоа.

Многу луѓе им кажуваат дека се злобни и често истото го мислат самите за себе. Но, сепак тоа не е точно и тие не се злобни, туку само не покажуваат многу емоции.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg