Која е злобната страна на секој хороскопски знак?
Вага
Вагите се многу љубезни и имаат добри манири. Но, сепак овој знак има најголема шанса да биде од едната страна на судски спор. Тие секогаш имаат причина да тужат некого, сакаат да се решат неправдите и сакаат животот да биде фер.
Така што, немојте да се изненадите ако во еден момент се добри и љубезни со вас, а во друг сакаат да ве уништат на суд, затоа што правдата не била на нивна страна.
Скорпија
Скорпиите се водени од Плутон, планетата на смртта, моќта и трансформациите. Тие обожаваат игри на моќ и некогаш ќе ги играат против вас само за да ја тестираат вашата лојалност.
Длабоко во себе, тие се сензитивни и се грижат за другите, но таа нивна особина си ја гледаат како слабост. Затоа, ако понекогаш ги надвладее таа слабост, тие ќе бараат виновник за тоа и секако ќе се одмаздат. Дефинитивно најзлобниот хороскопски знак.
Стрелец
Овој хороскопски знак не знае колку злобен може да биде, а тоа го прави уште поопасен. Тие многу често не можат да ги видат работите од друга персепктива и се многу уверени дека нивното мислење за работите е најправилно.
Имаат огромен потенцијал да бидат злобни кога ќе ја откријат својата моќ над луѓето.
Јарец
Јарците се способни да ви земат сè што имате. Тие ќе се појават во вашиот живот и ќе ви го уништат со тоа што ќе бидат подобри од вас во сè. Ќе направат сè за да го изгубите достоинството и самопочитта.
Но, сепак нема да можете да им се налутите, затоа што не можете да бидете лути на некој кој само добро си ја врши работата.
Водолија
Водолиите не можете да ги сретнете во конфликти, бидејќи често се дистанцирани и не ги интересираат други луѓе. Но, нивната лоша страна лежи во тоа што се егоистични, непостојани и немаат тактика.
Тие бегаат од своите грешки и не ги признаваат, но никогаш нема да дозволат вие да го направите истото. Ќе ги памтат вашите грешки засекогаш и дури откако ќе се извините, тие со години потоа повторно ќе прават да се сетите на нив.
Риби
Рибите прават детални планови за тоа како ќе го уништат својот непријател, но немаат издржливост и трпение, па затоа и се откажуваат од своите планови.
Тие ќе сонуваат за тоа да ви го уништат животот, но едноставно ќе немаат сила да продолжат со тој сон. Најлошо што можат да ви направат е да глумат жрвта и да глумат пред другите дека многу сте им згрешиле, па на тој начин да ви ја уништат репутацијата.
А. В. | Црнобело