Која е вашата слаба точка? Овните се плашат од осаменост, Рибите - од моќни луѓе

Секој си има своја слаба страна, своја слаба точка која ако некој успее да ја допре, може да разбуди дури и нескротлив ѕвер.

koja-e-vashata-najslaba-tocka-na-bikot-finansiite-na-skorpijata-ljubovta-01.jpg

Но, дали знаете која е вашата слаба точка?

Според хороскопскиот знак...

Овен

На Овнот слабата точка често му е прикриена, па делува како воопшто да ја нема, но се ужасува од самата помисла дека може да остане осамен, изолиран или болен без никој да го гледа или теши во моментите кога му е тешко.

Иако е храбар и самоуверен, слаба точка му е семејството, па затоа, потребен му е партнер кој ќе го чека дома и ќе биде покрај него за поддршка и убави зборови.

Бик

Оние кои не го познаваат Бикот, мислат дека може да направи сè што ќе посака кога ќе си го зацрта во главата, бидејќи никогаш не се откажува од своите цели. Секако, полесно му е кога не мора да води сметка за паричникот не само заради себе, туку и заради најблиските.

Не сака да ризикува и да остане без финансиска поддршка, станбен простор и покрив над глава, бидејќи сака сè најдобро за себе и партнерот.

Близнаци

Слабата точка на Близнаците е нивниот нервен систем, па противникот може многу лесно да ги доведе во состојба на благ очај, ако се обиде да ги тренира нивните живци. Тогаш не им помага ниту вродената интелигенција, ниту снаодливоста.

Ги обзема паника која се претвора во страв од соочување со самите себе. Иако ги избегнуваат таквите ситуации, Близнаците се свесни за својата немоќ, нервоза и депресивност, ако наидат на проблеми со успехот.

Рак

Вашата загриженост за сè и сешто е последица на вродената несигурност и стравовите кои ве обземаат од време навреме. Затоа, Ракот секогаш е во потрага по стабилен, сигурен и ситуиран партнер, посебно ако станува збор за жена.

Слаба точка на секој Рак е стравот од губењето на саканата личност или статусот во општеството кој најчесто и само заради тоа го имаат. Ако некој ги погледне наопаку, тоа е доволно за да почнат стравовите.

Лав

Слаба точка на Лавот е суетата заради која понекогаш нема граници, па може да манипулира со другите само за да му се додворуваат и да добива комплименти. Колку повеќе поданици има околу себе, толку е посреќен, но тоа не значи дека положбата му е гарантирана.

Токму затоа, потајно се плаши од јавен потсмев и губење на моќта која му ја носи општествената или работната позиција.

Девица

Слаба точка на секоја Девица е стравот дека некој ќе им ја одземе контролата, а ако дојде до тоа, тогаш ѝ страда нервниот систем. Должностите и обврските се свети правила на Девиците, без нив не можат да функционираат ниту пак да се грижат за најблиските.

Девицата добро знае како да се грижи за себе, единствено не умее да си го контролира нервниот систем.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg