Годишен хороскоп за 2017-та - Јарец
Во светот на Јарците, независноста е клучен збор. Знаете што сакате и имате малку трпение да чекате другите да ви дозволат да го добиете. Оваа година ќе можете да си дозволите одмор од борбата, бидејќи ќе го дочекате успехот од напорната работа. Никогаш во текот на 2017-та година не заборавајте да се сакате себеси, бидејќи единствено така ќе избегате од депресијата.
Работа и финансии
Како и по обичај, луѓето ќе ве надгледуваат и прашуваат како успевате сè да постигнете. Не дозволувајте тоа да влијае на вашиот напредок. Добра вест е што ќе бидете отворени и подготвени да ги споделите вашите тајни, енергија и успех. Само бидете внимателни со кого ги делите.
Постои разлика меѓу напорна работа во тим и жртвување за да останете популарни. Бидете свесни за оние кои се обидуваат да ги украдат плодовите од вашиот напорен труд. Секако, не треба ниту премногу да се грижите, бидејќи сите добро знаат кој ги раздвижува работите.
Ова е година и за нови почетоци на професионален план, па ако не ви се допаѓа моменталната кариера, слободно размислувајте да ја промените.
Финансиската состојба ќе ви биде нешто подобра од минатата година и ќе имате повеќе среќа, а со тоа и поголем прилив на пари кои не е лошо да ги штедите за „црните“ денови.
Љубов, семејство и социјален живот
Во поглед на социјалниот живот, во 2017-та година големо влијание ќе ви има планетата Марс, па луѓето околу вас ќе бидат зачудени на вашиот „краток фитил“ и недостатокот на желба за излегување и дружење.
Фокусирајте се на ревитализација на работите и областите кои ви се моментално важни, а не на оние другите, неважни и минливи работи. На есен ќе најдете подобра рамнотежа меѓу разните области во вашиот живот.
Оваа година, планетата Венера ќе владее на вашето поле на љубовта, па доволно е само да посакате и да имате напредување во романтичната атмосфера. Упорноста е ваша силна страна - никогаш не го заборавајте тоа.
Ако немате партнер, побарајте го во знакот на Риби или Стрелец.
Здравје
За подобро здравје подобро контролирајте ја вашата психичка состојба. Посебно, ако имате проблеми со спиењето. Јадете поздрава храна, мотивирајте се да вежбате и редовно одморајте. Одморот мора да ви биде приоритет.