Годишен хороскоп за 2017-та - Стрелец
Оваа година на Стрелците ќе им биде полна со ведрина. Иако ќе доживеат многу подеми и падови, општиот позитивен став ќе им помогне да ги одржат работите под контрола. Ако не ви оди сè од рака, не се плашете да побарате помош од оние кои имаат повеќе искуство од вас.
Работа и финансии
Во претходната година ви беше важно да напредувате во поглед на кариерата и финансискиот статус, но во 2017-та ќе ви биде напорно толку многу да планирате. Планирањето на иднината моментално најдобро е да го оставите настрана.
Во 2017-та потребно е да се концентрирате на работите кои ќе ви носат задоволство и така, сè ќе биде во ред.
Но, тоа не значи дека треба целосно да заборавите на работата и да назадувате во поглед на кариерата.
Ако не сте вработени, најдобро време за барање на работа се месеците февруари и мај. А, ако сте вработени, очекувајте потешкотии и бидете подготвени да се справите со нив.
Љубов, семејство и социјален живот
Оваа година како ретко која година досега ви дава најмногу шанси за склопување на нова врска и нова љубов. А, нема сомнеж дека сите слободни Стрелци со нетрпение долго го чекаат ова време.
Новата љубов ќе ја пронајдете во знакот на Вага, а најдобар период за тоа е месец декември.
Од друга страна, оваа година ќе се покаже како проблематична во поглед на семејните односи и пријателствата.
Вие ќе бидете во максимална форма, а тоа може да предизвика љубомора кај одредени пријатели кои ќе се чувствуваат загрозено додека се во ваша близина. Немојте да донесувате важни одлуки, ама не се ни ограничувајте.
До крајот на годината, вашите вистински пријатели ќе останат покрај вас, како и една навистина посебна личност.
Здравје
Здравствената состојба ќе ви биде далеку подобра од минатата година, пред сè затоа што ќе успеете да се ослободите од стресот и после долго време, нормално да спиете. Ќе ви биде потребно време да воспоставите баланс, па најдобро е да почнете уште од почетокот на годината со здрави навики.