Годишен хороскоп за 2017-та - Близнаци
Овој знак е познат по тоа што постојано го менува мислењето, но оваа година Близнаците нема да имаат многу теми за дискусии. Годишниот хороскоп за 2017-та е релативно јасен.
Ќе има мали напади на вашата кариера, но тоа нема да влијае на финансиите. Љубовниот живот ќе биде задоволувачки, но не очекувајте големи промени.
Работа и финансии
Близнаци, подгответе се. Кога ќе почне 2017-та, ќе бидете на мета на работното место. Луѓето ќе доаѓаат по она што вие го имате и ќе се обидуваат да ви го земат по секоја цена. Останете силни и упорни. Кренете ја главата и не се штедете сами да се пофалите.
Добар дел од годината ќе биде непредвидлив и полн со тешкотии, но ве очекува професионален напредок во ноември и декември 2017-та.
Вага е знакот од кој ќе ја имате целосната поддршка, а треба да имате на ум и дека оваа година е поволна за приватни бизниси и потпишување нови договори. Не се препорачува земање на кредити без сериозни потреби.
Љубов, семејство и социјален живот
Кога се работи за меѓучовечките односи, во 2017-та ќе бидете неодлучни како и вообичаено. Ова не е поволна година за големи одлуки, бидејќи постојано ќе ги мерите предностите и недостатоците на љубовните и пријателски врски.
Шансите да посакате промена се големи од јануари до јуни, но тоа може да ви донесе голем стрес. Ќе биде многу подобро да го цените она што го имате. Имате добри пријатели и уште подобро семејство. Потребно ви е само време тоа да го забележите.
Забавете малку и престанете да мислите дека тревата е позелена на друго место.
За партнер би било добро да побарате некоја Риба или Стрелец.
Здравје
Во здравјето во 2017-та ќе имате добри и лоши моменти, така што не е лошо постојано да сте на штрек. Не ги одложувајте работите до последна минута, како што е посетата на лекар. Можни се изразени периоди на стрес, анксиозност и депресија, за кои повторно задолжително треба да побарате стручна помош.