Знаат да направат сцена од ништо: 3 најнепредвидливи знаци во хороскопот
Нервозата е нешто од кое никој не може да избега, но сепак некои луѓе ја манифестираат многу повеќе за разлика од други.
Меѓу хороскопските знаци постојат 3 знаци кои се особено подложни на нервозни испади, речиси секогаш кога нештата не одат онака како што тие сакаат.
Немојте да се изненадите ако тие направат сцена дури и од најмала ситница. Нивното непредвидливо однесување излегува на површина штом нешто ги извади од такт, па се во состојба да викаат и да се расправаат како мали деца.
Овен
Најслабиот дел од нивниот организам им се главата, мозокот, очите и половите органи. Тие неконтролирано ја трошат енергија и постојано се нервираат за нешто.
Имаат тенденција да ги повредуваат сексуалните органи, воопшто не ги штедат нервите и целосно се внесуваат во сè што прават.
За овие луѓе карактеристично е тоа што поради стрес или долготрајно нервирање, лесно ја губат косата, а потоа добиваат комплекси и ги малтретираат луѓето во околината.
Овните треба да избегнуваат стресни ситуации, а за лекување на ваквата состојба да користат природни лекови, билки и чаеви.
Побрзо се опоравуваат во природа, на чист воздух, покрај море или вода, но по една недела, им се здосадува од тоа и повторно се враќаат на старите навики.
Близнаци
Најранливите делови на телото им се се рамената, рацете, прстите и нервите, а потоа следуваат жлездите и мозокот. Склони кон хипохондрија и невроза.
Тие, исто така, се плашат и при најмали знаци на болест, кои дополнително им ја влошуваат состојбата и може да доведе до сериозна хипохондрија.
Најлошата комбинација на наклонетост и судбина е кога еден Близнак ќе реши да се занимава со медицина.
Тогаш автоматски станува и неподнослив пациент, затоа што има тенденција да се занимава со обратна психологија и преку остра реторика ќе се обиде од психијатарот да направи пациент!
Тие се всушност од оние психопати кои се забавни и добродушни, а многу ретко и меланхолични. Кај нив не постои вистински агресија, но сепак внимавајте...
Стрелец
Стрелецот е роден актер, голем гурман и крајно непредвидлива личност, па затоа желудникот и дигестивните органи често се изложени на ризик од болести.
По нив следат нервите и мозокот, па затоа не е чудно што секој припадник на овој знак има исклучително непредвидливо однесување.
Знаат да бидат невротични и хистерични, а околината многу влијае на нивните емоции, па често се тажни или депресивни.
Тие добро реагираат на секаков тип на лечење, но според нивниот карактер, стрелецот е склон кон алтернативна медицина.
М. С. | Црнобело