10 работи кои ќе ги разберете само ако сте Рак во хороскоп
„Раковите се емотивни и нежни“ е првата работа која ви паѓа на памет кога некој ќе ви каже дека е припадник на овој знак.
Но, зад таа нежност, посветеност и лојалност, се кријат 10 работи кои ќе ги разберат само оние кои се родени во периодот од 21-ви јуни до 22-ри јули.
1. Барањето изговори зошто не сакате да излезете е ваша втора работа... затоа што можете да се преправате дека сте болни само за да останете дома и да јадете вкусна храна и да гледате серии и филмови со часови.
2. Се обидувате да не ја изедете целата храна пред вас, затоа што Раковите толку сакаат храна, што не сфаќаат како некој може да одбие нешто толку прекрасно и совршено зготвено. За вас е вистинска борба да воведете режим на исхрана.
3. Сакате да бидете замотани во најмекото ќебе и да носите меки влечки, наместо неудобна облека. Кога само би можеле да се откажете од неудобните панталони и кошули, не би имало никаков проблем.
4. Кога некој ќе ви даде конструктивна критика, веќе сте пред плачење. Вашите деликатни чувства се и благослов и клетва.
5. Се заљубувате во истата секунда ако видите дека некој се грижи за вас. Вашето срце можеби има милион лузни заради тоа, но никој не е поотворен во љубовта од Ракот кој се чувствува ценет.
6. Ве номинираат за Оскар секој пат кога ќе почувствувате некоја емоција. Кога се смеете, се смеете најгласно и најзаразно од сите. Кога плачете, собата ја полните со солзи до поплава. Кај вас нема ништо помеѓу.
7. Сите пријатели мислат дека сте видовити. Што е сосема нормално, бидејќи секогаш однапред сте подготвени за она што следи.
8. Имате проблем со склопување на пријателства, бидејќи или сакате најдобар пријател преку ноќ или не сакате да му го знаете името на човекот. Која е поентата да запознаете човек, ако не се зближите инстантно?
9. Имате цела соба полна со сентиментални предмети и ситници. Секоја честитка, влезница, визит картичка за вас е од посебно значење и никогаш нема да заврши во кантата за отпадоци.
10. Толку ги штитите своите пријатели, што е речиси застрашувачки. Продавачката и рече на пријателката дека и треба поголем број фармерки? Веројатно не ве запознала доволно добро...
М. Д. | Црнобело