Комуникација, нежност, спонтаност: Што бара секој хороскопски знак во љубовта?
Иако можеби не сме свесни за тоа, сите имаме едно нешто кое нè прави среќни, исполнети и задоволни. Тоа е нешто кое никој не може да ни го наметне и кое веднаш може да се забележи.
Љубовта со својата моќ прави секој од нас да го постигне токму тоа. Сепак сите сме различни и посебни, па истите нешта не нè прават подеднакво среќни сите.
Според хороскопот ова се работите кои го прават среќен секој хороскопски знак:
Овен
Овенот сака отворен и директен партнер и љубовник, не сака игри и не сака да чека. Тоа е и причината зошто нивната нетрпеливост и недостаток на спонтаност може целосно да ги уништи една врска. Најтешко ќе му биде ако сфати дека партнерот крие нешто од него. Затоа бидете директни и кажете му на Овенот што мислите.
Бик
На Бикот најважна му е нежноста и софистицираноста. Ако сакате да му покажете на Бикот дека ви значи, направете го тоа без вулгарност, суровост или грубост и обидете се да се дотерате. Овој знак најмногу се држи до естетиката и кај него најмногу преовладува чувство на софистицираност и убавина, па истото го очекува и од партнерот.
Близнаци
За овој воздушен знак најважното нешто во врската е комуникацијата. Ако не живеете заедно и ако не се гледате секој ден, телефонските повици, забавните пораки или мејлови ќе бидат доволен доказ дека сте заинтересирани. Ако не сте во постојан контакт, тоа може да биде погубно за врската. Освен на зборови, покажете се и на дела, бидејќи Близнаците сакаат да зборуваат, но не секогаш веруваат во сè она што ќе слушнат.
Рак
Како вистински семејни луѓе, Раковите сакаат да се чувствуваат заштитени, но исто така знаат дека имаат улога на заштитник. Во нив тоа создава чувство на сигурност кое подоцна може да се развие во длабока љубов. Лојалност, доверба, чувство на сигурност и заштита во прегратката на саканата личност се најубавите чувства кои може да ги доживее еден Рак.
Лав
И покрај тоа што сакаат да доминираат, Лавот ќе го препознаете и по детската разиграност која му е многу важна. Но, за Лавот да биде така весел, нежен и искрен, мора да направите да се чувствува слободно. При таква средина од него ќе добиете огромна страст и љубов.
Девица
Организираната Девица од партнерот првенствено бара добрина и подготвеност да ѝ помогне. Ако не знаете да сочувствувате со човечките приказни и потреби, тешко дека ќе го освоите срцето на Девицата. Од друга страна, таа целосно ќе ви се предаде ако види дека сте нежен кон послабите од вас, кон помладите или постарите, или луѓето на кои им треба помош на било кој начин.