Љубовен хороскоп за јули 2016-та година

ljuboven-horoskop-za-juli-2016ta-godina-1.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Вагите кои се во брак или долгогодишна врска ќе уживаат во хармоничен период со партнерот. Планетата Марс, владетелот на вашите партнерски односи во изминатиот месец, полека си заминува, а зад вас останаа сите недоразбирања и кавги.

Партнерот ќе се труди повеќе околу вас и ќе има постојано интересни места за излегување, каде ќе можете да се ослободите, да најдете забава и релаксација. Ваквите прекрасни моменти може кратко да исчезнат, поради семејни проблеми, но брзо ќе се разрешат.

Ако сте слободни:

И понатаму изгледате неодоливо, но во овој период ќе бидете поемотивни и несигурни во себе. Нема да бидете подготвени за авантура, туку ќе се концентрирате на тоа да најдете добра прилика за стабилна врска. Адреналинските забави ќе ги замените со излегувања на мирни места.

Пред крајот на месецот ќе имате повеќе шанси да ги задоволите вашите желби и да остварите врска со еден Овен, Лав, Стрелец или Близнаци. Тогаш ќе исчезнат сите несигурност и повторно ќе заблескате во својот полн сјај, а којзнае, можеби и ве очекува долгогодишна врска.

Скорпија

Ако сте во врска:

Скорпиите кои се во брак или долга врска, заради бројни обврски и недостатокот на време, ќе се оддалечуваат од партнерот. Ова игнорирање ќе му пречи на партнерот, па и да го натера физички да се оддалечи од вас. Ќе сфатите дека постојат сериозни разлики меѓу вас и дека проблемот е далеку поголем околу што изгледа на прв поглед.

Непријатната ситуација постепено ќе се смирува и ќе се обидете да си ги вратите довербата и љубовта која претходно сте ги имале. Ќе вложите голема енергија, повторно сè да биде како што треба, но ова и нема да остане незапаметено.

Ако сте слободни:

Почетокот на јули, за слободните Скорпии ќе донесе крај на една површна летна романса и повеќе нема да бидете расположени за повторно трагање, излегувања и љубов. Од втората половина на јули, ситуацијата полека ќе започне да се менува.

Ќе ви се допадне некој од работа, некој кој има авторитет. На една прослава или деловна вечера ќе имате можност за романса со еден Овен, Лав, Рак, Риба или Стрелец. Уживајте во пријатните страсни моменти.

Стрелец

Ако сте во врска:

Сè уште сте во напнати односи со партнерот и претставниците на овој знак, кои се во брак, во првата декада од јули, ги очекуваат расправии, непријатности и љубоморни сцени. Посебно се неповолни 1-ви, 2-ри, 9-ти и 10-ти јули. Обидете се да останете смирени.

Ако успеете да ги контролирате негативните емоции, ќе го натераат партнерот многу брзо да се смири, да започне да ви се извинува и да се обидува да ги задоволи вашите потреби. Изливот на страсти не само што ќе биде знак на љубовта на партнерот, туку и ќе ја врати страста во врската.

Ако сте слободни:

Во овој период слободните Стрелци ќе бидат расположени за дружење и излегувања. Вашата слободна и весела природа ќе биде во полн израз овој месец. Нема да останете незабележани и ќе бидете магнетно привлечни каде и да се појавите.

Ќе флертувате и ќе уживате во новите емотивни и сексуални искуства. Вашето внимание и искрената заинтересираност може да ги придобие еден симпатичен Овен, интелигентен Близнак или преубава Вага. Во втората половина на јули ве очекува страсна врска.

Јарец

Ако сте во врска:

На зафатените Јарци, планетите Сонце, Венера и Меркур ќе им донесат складен и среќен период со партнерот кој повеќе од вообичаено ќе биде расположен да ја изразува својата љубов и приврзаност, а вие ќе возвратите со иста мера.

Ќе имате доволно време да се посветите на семејството и ќе уживате во миговите кои ќе ги поминувате заедно. Многу Јарци кои се во долгогодишна врска, во овој период ќе се одлучат да запливаат во брачните води и ќе почнат да планираат датум за венчавка со партнерот.

Ако сте слободни:

Пред вас е возбудлив период кој ќе го поделите за пријателите, но и за љубовната романса. Сè до 21-ви јули ќе бидете активни, забавни и расположени за ноќни излегувања, носени од сексуалните желби и потреби. Голема е можноста и да се заљубите.

Ќе ве занесе насмевката на еден Бик, сексапилна Скорпија или убавината на една Вага. Толку ќе се заљубите, што ќе бидете подготвени веднаш да станете сериозни. Занесот ќе биде силен, но бидејќи по природа сте рационални, сигурно ќе почекате да не избрзате.

Водолија

Ако сте во врска:

Во овој период планетарната сила постепено пронаоѓа рамнотежа помеѓу источната и западната хемисфера, а тоа на зафатените Водолии ќе им донесе стабилност и хармонични односи со партнерот. Вашето заедничко секојдневие ќе стане динамично и забавно.

Ќе бидете подготвени да се дружите, да бидете слободни, да се релаксирате и да бидете среќни. Малку може и да паднете во сенка на партнерот кој ќе постигнува далеку поголем успех од вас, но вие веќе одамна сте научиле дека секој треба да ја изрази својата индивидуалност.

Ако сте слободни:

Слободните Водолии, покрај неколку неуспешни обиди да пронајдат љубов преку интернет, во втората половина на јули ќе се насочат кон реалниот свет и ќе се вратат на старите пријатели, на добрата забава, излегувањата и незаборавните моменти.

Токму во овој период, со една необична средба, ќе наидете на возбуда и љубов кои ќе доаѓаат од еден Овен, Стрелец или Близнак. Ве очекува возбудлива авантура и сосема неочекувана динамика, а ова лето ќе ви биде незаборавно.

Риби

Ако сте во врска:

Зафатените Риби кои претходно биле соочени со помали семејни расправии заради лошата комуникација со партнерот, сега ќе можат да земат издишка и да уживаат во пријатни моменти поминати во нежности, љубов и хармонија.

Покажете колку многу се грижите за саканата личност и љубовта нема да ви остане невозвратена. Искористете ги топлите летни денови за да ја вратите страста и да уживате во бројни романтични моменти и хармонично чувство на блискост.

Ако сте слободни:

Слободните Риби кои изминатиот месец влегле во кратка љубовна врска, можат да доживеат непријатности и тоа да ги натера да ја прекинат врската. Посебно неповолни денови се 1-ви и 2-ри јули. А, до крајот на првата декада од јули, да дојде до прекин на врската.

После ова, ќе се почувствувате ослободени и многу брзо ќе се вратите на нормалниот животен тек. Во овој период посебно ќе зрачите и ќе воодушевувате со вашите префинетост и убавина. Тогаш ве очекуваат нови познанства и потенцијални искри со Вага, Девица, Јарец или Рак.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg