Која улога ја има вашиот хороскопски знак во хорор филмовите?
Секој хорор филм има една личност која прва бега од вратата, личност која секогаш преферира да трча по скали, личност која веднаш сфаќа кој е убиецот и онаа единствена личност која преживува до самиот крај.
Во која улога би се нашол вашиот хороскопски знак?
Овенот прв умира, бидејќи е доволно храбар за да провери кој се шета околу куќата.
Бикот е оној кој се враќа на крајот од филмот во куќата и ги наоѓа сите оние кои починале.
Близнаците во главно го надмудруваат убиецот и поставуваат замка.
Ракот ќе го препознаете по тоа што во секој филм трча по скалите наместо кон излезната врата.
Лавот е оној кој се обидува да го возврати ударот и на крајот завршува мртов.
Девицата обично во секој хорор филм се жртвува за останатите да преживеат.
Вагата зборува за сите да се смират, додека и самата доживува напад на паника.
Скорпијата веднаш сфаќа кој е убиецот.
Стрелецот е оној кој тајно помага на убиецот.
Јарецот е оној смирен лик кој доживеал нервен слом, па почнал да убива.
Водолијата е единствениот човек кој преживува до самиот крај.
Рибите се обично згодната русокоса која вреска на секој шум.
Н. Г. | Црнобело