3 хороскопски знаци на кои март ќе им биде возбудлив и турбулентен
Месецот март на некои од хороскопските знаци ќе им донесе новини во животот, но и доста возбудувања...
Иако очекуваме дека со март доаѓа и поубаво време, подобро расположениe, нови љубовни прилики, астролозите навестуваат месец на компликации за 3 хороскопски знаци (другите, барем за сега, можат да бидат мирни).
Јупитер е главната планета во март, па ќе има големо влијание во текот на целиот месец врз следните хороскопски знаци:
Бик
Ако во текот на јануари и февруари не се појавиле компликации, сигурно е дека истите ќе се појават во март. Ова е чувствителен период за Биковите.
Марс, кој владее со куќата на парови на Бик, ќе се движи ретроградно од март до септември 2016-та година. Тој се движи од и низ куќата на парови на Бикот и 8-та соларна куќа, каде е сместен Сатурн и тука влегува Марс на 6-ти март.
Можни се емотивни блокади, периоди на изолација или емотивна оддалеченост, потешкотии, нарушувања предизвикани од надворешни влијанија, проблеми кои влијаат на партнерот, кризи и финансиски ограничувања.
Советот за вас е да ја соберете внатрешната сила, да делувате смирено и да имате огромно трпение.
Близнаци
Ова е сложен период за вас. Со Сатурн и Марс во куќата на врски, Близнаците, во текот на март, се наоѓате на опасно тло!
Повеќе од една година, Сатурн ви ги отежнува односите со другите, а сега му се придружува и Марс. Вие и вашиот партнер би требало да се поставите дипломатски, доколку сакате да ги избегнете проблемите.
Ова може да се должи на фактот што заедно, рамо до рамо, ќе поминувате низ проблемите или пак вашиот партнер ќе има проблеми (здравствени, деловни и слично) кои ќе влијаат и врз вас. Во секој случај, атмосферата нема да биде ни малку опуштена.
Вага
Сè до 12-ти март 2016-та година, Венера е во куќата на љубовта и страста на Вагите. Ова е одличен период кој би требало да го искористите, затоа што после тој период работите нема да бидат толку добри.
Од 12-ти март Венера влегува во неповолна ситуација, па затоа очекувајте грижи и обврски. Овде љубовта не се развива слободно и љубовните врски на Вагите автоматски се поврзуваат со работата и обврските. Марс, владетелот на врските кај овој знак, влегува во Стрелец на 6-ти март и тука останува до крајот на месецот.
Во оваа позиција, Марс има проблем: тој е близу Сатурн кој исто така има врска со одговорностите, блокадите и ограничувањата.
М. С. | Црнобело