Нумерологијата открива: Дали 2016-та ќе биде ваша година?

numerologijata-otkriva-dali-2016-kje-bide-vasha-godina-02.jpg

Годишен број 1

Нови почетоци, акција, животни прилики

Оваа година ве очекуваат големи промени и нови животни прилики и затоа не смеете да ги одолговлекувате одлуките. Ќе имате прилив на нова и силна животна енергија и нови идеи кои ќе морате да ги распоредите во наредните 12 месеци.

Оваа година е година во која сите потреби треба да ги ставите на прво место. Без разлика дали се работи за мали физички промени или пак оние значајните, оваа година треба да си ја посветите на себе.


Годишен број 2

Трпение, односи, баланс, емоции

Оваа година се однесува на сето она што досега сте го постигнале во животот. Оваа година ќе ви се чини како бавна, бидејќи ќе имате чувство како ништо важно да не ви се случува, но бидете претпазливи, зад малите незначајни работи се кријат големи промени.

Оваа година на прво место ви е љубовта, односите со другите и вашите искрени емоции. Оние кои се во врска ќе откријат дали е вистинската, а оние кои се слободни можат да запознаат некоја посебна личност со која ќе остварат силна врска.


Годишен број 3

Социјализација, комуникација, креативност

За разлика од втората година која се чини како фрустрирачки бавна, третата година е поенергична и динамична. Во оваа година на виделина доаѓаат сите оние работи кои сте ги направиле и промените од првата година.

Во оваа година треба повеќе време да поминувате во друштво. Поврзете се со старите пријатели и работете на нови познанства. За возврат ве очекува  позитивна енергија, веселби и забава. Уживајте во сè што ви носи животот.


Годишен број 4

Ред, труд, планирање, вложување

Оваа година е посветена на сето она кое е потребно за вашиот живот да стане подобар и поквалитетен. Токму затоа, организацијата и планирањето се важен фактор поради кој вашиот живот ќе тргне кон подобро.

Оваа година важно е да се грижите за вашето здравје, да се одлучите за штедење, промени во вашиот дом, исплаќање на долговите, образование и некој друг облик на надградување на потенцијалите. Плановите од оваа година долгорочно ќе ви се исплатат.


Годишен број 5

Авантура, напредок, промени

Четвртата година ја одбележавте во големи промени, планови, тешка работа, а петата година носи очекувани и неочекувани промени кои ќе се појават во разни облици. За некои тоа значи преселување, нова работа, нова врска, а за другите промени на животните ставови и размислувањата.

На било кој начин, ќе ви се отворат нови можности и затоа добро е да избегате од рутината и да пробате нешто ново, различно.


Годишен број 6

Љубов, семејство, одговорност

Оваа година ќе ви биде обележана со несебичност и важно е да се посветите на другите и да ја истакнете вашата одговорност. Вашето рамо за плачење понудете го на најблиските и бидете отворени за помош.

Шестата година е во знакот на љубовта, па ако не сте во врска можете да се заљубите и да започнете нова. Оние кои веќе се во врска ќе отидат чекор нанапред. Ако имате проблеми и несогласувања, оваа година е идеална за да ги разрешите.


Годишен број 7

Преиспитување, личен и духовен раст

Седмата година е посветена исклучиво на вас. Во овој период важно е да направите анализа на самите себе за да сфатите кои сте, што сте и што сакате. Во оваа година не треба да одите нанапред, туку да застанете, направите чекор наназад и да размислите за сè што сте направиле и што сакате да направите.

Во оваа година добро е да работите на своите потенцијали. Пронајдете некое ново хоби или пак, подобрете ги вашите вештини. Што и да правите, важно е да бидете среќни и исполнети.


Годишен број 8

Моќ, финансии, кариера

Оваа година е во знакот на работата, кариерата, финансиите и правните работи. За некои тоа се работните прилики или напредокот на постоечкото работно место, а за другите во облик на пораст на трошоците и намалување на финансиските приливи.

Животот како што сте го воделе досега и сè она што сте го вложувале во себе оваа година ќе се покаже. Но, исто така, треба да бидете внимателни при донесувањето на финансиските одлуки, бидејќи ако не се брзоплети можат да ви донесат големи проблеми.


Годишен број 9

Трансформации, завршетоци

Оваа година е последна од животниот циклус и е фокусирања на завршување на сè она што досега сте го планирале и постигнале, како и подготовка за нов почеток. Најважно во овој дел од животната трансформација е сè да оставите зад себе.

Оваа година е идеална за „чистење“ на животот, за сè да тргне напред и кон подобро. Иако 9-та година претставува завршеток, таа е истовремено и симбол за повторно раѓање. Затоа, наредните 12 месеци треба да завршите сè што сте работеле досега.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Со какви проблеми ќе се соочите овој ретрограден Меркур, според хороскопскиот знак? Водолии, ќе бидете импулсивни и можни се многу недоразбирања со саканите, па и к...
Мрачен хороскоп: Во кои знаци се раѓаат најмногу сериски убијци? На листата сериски убијци родени во знакот на Скорпија има седум имиња, а меѓу н...
Финансиски хороскоп за февруари 2024 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Стрелец - на почетокот на месецов ве очекува финансиска добивка, но внимавајте к...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
6 хороскопски знаци на кои им е тешко да му останат верни на партнерот (и зошто) Најголем проблем на Скорпиите е љубомората. Кога ќе се убедат дека партенрот ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg