Годишен хороскоп за 2016-та - Скорпија
Оваа година ќе имате бројни остварувања на приватен план. Промените ќе ви донесат напредок по посакуваната насока – напредок кој ќе ви дојде благодарение на поволните околности.
Потполно ќе уживате во животот. Втората половина од годината ќе ви донесе сериозни предизвици. По добра анализа ќе морате да донесете важни одлуки. Подобрувањето на животните околности бара време и напорна работа.
Љубов
Меѓу февруари и мај ќе имате значајни промени во вашиот љубовен живот. Морате да ја контролирате секоја новонастаната ситуација. Бидете трпеливи во втората половина на 2016-та година, но не се откажувајте од замисленото. Целата година ќе ви биде исполнета со страст и предизвици во љубовта.
Кариера
Не треба да ги наметнувате своите идеи на соработниците и колегите. Договорите мора да се остварат преку соработка и компромис. Размислувајте за проширување на вашите знаења и стекнување на нови вештини во текот на 2016-та година. Од април до септември имате најголеми шанси за напредување и професионални патувања.
Пари
Постојните финансиски проблеми ќе ги решите благодарение на самодовербата и вашите вештини. Од јуни 2016-та година финансиската состојба ќе ви се стабилизира и ќе можете да вложите пари во нешто што ќе ви донесе поголема добивка или да заштедите. При решавањето на финансиските проблеми можат да ви помогнат и професионални лица.
Здравје
Ќе бидете витални и полни со енергија до јуни 2016-та година. За да ја одржите добрата состојба важно е да ги ограничите вашите активности. Во спротивно, во текот на втората половина од годината, вашето здравје ќе биде чувствително.
Семејство
Посветете се на односот со родителите и бидете им поддршка. Заборавете на вашите минати несогласувања и продолжете понатаму.
Родените од 23-ти октомври до 1-ви ноември
Во минатото сте биле емоционално зависни од вашето семејство и од нив сте барале поддршка. Време е да го разграничите односот и да развиете внатрешна сила во текот на 2016-та година. Така ќе напредувате и ќе носите послободни одлуки. Ќе бидете подготвени да преземете повеќе обврски и успешно да ги завршите. Истите бараат концентрација, па важно е да си ги одредите приоритетите.
Родените од 2-ри ноември до 6-ти ноември
Оваа година животот ќе ви биде насочен во нагорна линија и ќе имате бројни креативни идеи. Слушајте го внатрешниот глас, бидејќи тој ќе ве насочи кон вистинскиот пат. Вашите замисли и уникатните идеи ќе ви дадат можност да ги остварите вашите соништа. Ќе ви помогната интуицијата и иновативноста.
Родените од 7-ми ноември до 10-ти ноември
2016-та година е време за духовна работа и зголемување на самосвеста, а тоа јасно ќе може да се забележи во начинот на кој делувате. Уметниците ќе напредуваат благодарение на силната фантазија, а креативноста ќе ви помогне да создадете уникатни дела. Простете им на другите, но и на себе за грешките кои биле направени во минатото. Со работа на себе и духовен развој ќе ја отстраните болката во вашиот живот.
Родените од 11-ти ноември до 16-ти ноември
Оваа година ќе ги откриете вистинската цел и суштината на животот, па важно е да се насочите кон вашата внатрешност и духовниот развој. Положбата на планетите ќе ви помогне да остварите поголеми животни промени. Ќе се чувствувате препородено по ослободувањето од товарот кој сте го носеле изминатата година. Ги имате сите можности да започнете нов живот, ако ги искористите поволните околности.
Родените од 17-ти до 21-ви ноември
Разгледајте што сте научиле од претходните искуства и ќе откриете како истите влијаеле на вашиот живот. Бидете подготвени за напорна работа и довршување на сите оние работи кои се провлекувале подолг период во вашиот живот, за да продолжите понатаму и бидете посреќни и позадоволни од животот. Ако сакате да ги инспирирате другите со вашиот пример, оваа година е вистинско време за тоа.
Заклучок: Вашата ментална сила и интуиција ќе бидат изразени оваа година. Тешко ќе држите баланс меѓу вашиот приватен и професионален живот, но од голема помош ќе бидат вашата внатрешна сила и духовниот напредок.