Годишен хороскоп за 2016-та - Девица
За девиците, 2016-та ќе биде година за креативно изразување и само-освестување. Мора да ги откриете своите скриени способности и да ги искористите на уникатен начин како би го достигнале успехот. Низ овој процес ќе мора да им се спротивставите на слабостите.
Сконцентрирајте се и на подобрување на своите вештини низ учење и помош од стручни лица. Побарајте нови шанси за да си ги проширите животните хоризонти и таленти, не се повлекувајте.
Љубов
Првиот дел од годината е среќен период за љубов и врски со многу забава и уживање. Сите недоразбирања со партнерот ќе ги решите преку мирни разговори. Девиците кои се веќе во врска, може да очекуваат само хармонија. Неопходно е важните одлуки да ги донесувате заедно. Зацврстување на односот на духовно ниво е предвидено за јуни 2016-та.
Кариера
Девиците кои планираат да започнат бизнис во 2016-та, ќе остварат профит дури на крајот од годината. Во работата ќе треба да вложите многу енергија, но резултатите ќе бидат вредни за потрошеното време. Искористете ги и приватните контакти ако сакате да успеете. Положбата на планетите ви е поволна на ова поле, но ќе мора да поработите на односот и комуникацијата со колегите и соработниците и да остварите поискрени односи. Не ни помислувајте на агресивен пристап оваа година, затоа што секое наметнување на идеите може да заврши со отказ.
Пари
Во првиот дел од 2016-та година ќе бидете склони на непромислени чекори, затоа контролирајте се. Со своите финансии располагајте така што однапред ќе го утврдите приходот, па дури потоа ќе трошите. Од време на време сочувајте некој денар затоа што годинава ќе ви биде потребна финансиска независност.
Здравје
Ќе бидете витални и ќе имате воодушевувачко ниво на енергија, па затоа сите исцрпувачки активности добро е да ги завршите на почетокот на годината. До август погрижете се секојдневно психички да се одморате по неколку часа. Ако планирате диета, почетокот на годината исто така е идеален за неа.
Семејство
Ова е добра година за подобрување на односите со своите родители и деца. Пробајте да им посветите поголемо внимание ако сакате да ги избегнете недоразбирањата и проблемите.
Родените од 23-ти до 31-ви август
Оваа година што и да започнувате, прво треба да посветите големо внимание на планирање пред да делувате. Влијанието на Сатурн може да се одрази на вашето здравје и да ви донесе потешкотии во текот на 2016-та, па затоа бидете внимателни. Не ги запоставувајте знаците кои телото ви ги испраќа и променете го начинот на исхрана.
Родените од 1-ви до 7-ми септември
Во хармонија сте со енергијата на Универзумот, па оваа 2016-та ќе можете да се потпрете на внатрешниот глас и интуицијата. Резултатите кои ќе ги постигнете во работата ќе ви донесат апсолутна среќа и задоволство. Можни се и позитивни промени на личен план. Ќе имате поголема самодоверба оваа година и ќе се одлучите за нови предизвици за кои досега само сте сонувале.
Родените од 7-ми до 11-ти септември
Оваа година ќе бидете вистински визионер и ќе можете секоја прилика да ја претворите во реалност. Добрата комуникација ќе ве одведе во нови друштвени и хуманитарни кругови и активности. Вашата фантазија ќе ви користи и во работата. Не се спротивставувајте на желбата да пронајдете ново креативно хоби, затоа што тоа ќе ви донесе внатрешен мир и хармонија.
Родените од 12-ти до 17-ти септември
Ако во 2016-та решите да се ослободите од негативните навики, дефинитивно ќе напредувате на лично и духовно ниво. Вложете труд за да ја зајакнете внатрешната сила и така ќе ги инспирирате другите околу вас. Поработете на односите за кои верувате дека имаат иднина, останатите напуштете ги во текот на годината. По овој чекор ќе почувствувате олеснување. Во текот на 2016-та донесувајте одлуки според тоа што е најдобро за вас, не за другите.
Родените од 18-ти до 22-ри септември
Помрачувањето на Сонцето во 2016-та ќе има силно и позитивно влијание во љубовта. ќе бидете опкружени со верни луѓе, а и лесно ќе стекнувате нови пријателства. Ќе бидете полни со посебни идеи кои треба да ги остварите. Кога и да ви е потребна помош, можете да сметате на семејството.
Заклучок: 2016-та година е поволна за развој. Ќе мора да се отворите за нови идеи и да бидете подготвени за иновативни промени ако сакате успешна година.