Зошто врските на секој хороскопски знак не успеваат? Бикот се запушта, Девиците ги кријат емоциите

zosto-vrskite-na-horoskopskite-znaci-ne-uspevaat-bikot-se-zapusta-devicite-gi-krijat-emociite-02.jpg

Вага

Вагите постојано се во љубовен хаос, со погрешни партнери, најчесто оние на кои им треба помош или „поправање“, што не е добра основа за врска. Кога се во врска Вагите се неодлучни и се прашуваат дали го одбрале вистинскиот. Потребата за флерт исто така го излудува партнерот. Не сакаат кавги, па го кажуваат тоа што партнерот сака да го слушне, односно немаат проблем да лажат.


Скорпија

Скорпиите секогаш одат на сè или ништо, па со нив не е лесно. Во врските се посесивни и љубоморни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа, таинствени се, па саканата личност секогаш има чувство дека Скорпијата нешто крие. Злопамтила се кои никогаш не простуваат, а малата кавга редовно ја претвораат во долготраен конфликт. Склони се кон емоционална манипулација.


Стрелец

Стрелците често несвесно го повредуваат партнерот, а тоа го прават заради потребата за возбуда и акција. Партнерот има товар дека постојано мора да биде активен и интересен, што создава притисок кој со тек на време досадува. Најголемиот проблем во врската со Стрелецот е потребата за личен простор, забава и слобода, што на многу од партнерите не им одговара.


Јарец

Јарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне целосна доверба во партнерот, што е долготраен процес. Партнерот лесно се фрустрира затоа што Јарецот не ги искажува емоциите. Не е лесно да живеете со меланхолична личност која се грижи за сите ситници, а песимизмот го пренесува на околината. Не се спонтани и оптоварени се со работа, па со нив животот лесно станува монотонија.


Водолија

Индивидуалноста на Водолијата може да биде исцрпувачка за партнерот. Богатиот друштвен живот може да биде извор за љубомора кај партнерот, што Водолиите никогаш нема да го сфатат. Во некои случаи недостатокот на интимност и романтика може да доведе до оддалечување. Потиснувањето на емоциите е уште еден недостаток заради кој Водолиите се непосакувани партнери.


Риби

Рибите живеат во свој свет и склони се кон идеализирање на партнерот, што доведува до нереални љубовни стандарди и барања од партнерот. Често влегуваат во односи со нестабилни личности или одржуваат тајни врски. Подготвени се да трпат многу, па затоа партнерите знаат да ги искористат и откачат. Мораат да сфатат дека во љубовта не може само да вложуваат, туку и да си ги покачат стандардите.



Би можело да ве интересира:

Една причина зошто немате среќа во љубовта, според хороскопскиот знак Стрелци, престанете да го идеализирате минатото и да се надевате дека бившиот ќе...
4 хороскопски знаци кои бегаат од љубов и сериозни врски Јарците мислат дека интензивните емоции, како љубовта, само непотребно ќе им го ...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни Кога се вљубени, Девиците имаат очи само за нивниот партнер, додека Близнаците с...
Хороскопски знаци кои мразат романтика и искажување чувства во јавност Некои луѓе многу сакаат да ја искажуваат љубовта кон партнерот во јавност, а нек...
6 хороскопски знаци на чија самодоверба завидуваат сите Несомнено, Водолиите имаат мигови на длабока несигурност, но кога си ја враќаат ...
Финансиски хороскоп за февруари 2024 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Стрелец - на почетокот на месецов ве очекува финансиска добивка, но внимавајте к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg