Летен секси хороскоп: Скорпијата треба да си ги исполни фантазиите, Рибите треба да пробаат секс во вода
Кога надвор е топло, некако и луѓето стануваат поразиграни и похрабри. Ако и вас ве удри летната жештина, откријте го најдобриот начин на кој можете да ги искористите деновите кои следуваат.
Дали ова лето ќе рушите табуа, ќе пробувате нови секси акробации или ќе продолжите да фантазирате?
Хороскопот го има одговорот:
Овен - променете го пријателскиот пристап
Кога се работи за забава, запознавањето е секогаш интересно. Не се срамете да ги проширите контактите, но не бидете зачудени и ако некои блиски пријатели ве разочараат. Ова лето на површина ќе испливаат скриените намери на лажните пријатели. Помеѓу новите познаници се крие некој со кој ќе можете да ги остварите летните фантазии.
Бик - Срушете ги табуата
Излезете од комфорната зона и направете нешто забрането. Пробајте јавна секс авантура или забавувајте се со некој целосно различен од вас. Водете љубов под отворено небо или со ширум отворена врата, малите безобразлуци ќе ви го направат ова лето незаборавно.
Близнаци - Запишете се на танц
И поканете некоја интересна личност на еден танц. На тој начин ќе се поврзете со некој нов познаник и ќе го задоволите вашиот слободен дух. Ако имате партнер, одлична варијанта е валканото шепотење на уво додека танцувате во сала полна луѓе.
Рак - Старомодното е повторно во мода
Поканете некој на класичен состанок. Прошетајте во природа или одете во музеј. Или едноставно вечерајте на свеќи и гледајте романтичен филм кој се граничи со секси акција. Разнежнете се и бидете посензуални ако сакате да имате незаборавно секс лето.
Лав - Обновете го гардероберот
Не е важно како изгледате, туку како облеката ве тера да се чувствувате. Неколку парчиња нова гардероба ќе ви ја зголеми самодовербата, а со самодовербата ќе привлечете интересни луѓе. Не се плашете да ги споделите фантазиите со странци, никогаш не знаете што ќе добиете за возврат.
Девица - Променете го распоредот
Намалете го бројот на работни часови и секој викенд променете ја локацијата и отпатувајте некаде, колку и да е блиску. Дозволете си вистински одмор. Ако направите нешто ново, поголеми ви се шансите да запознаете некој нов.
Уште 6 знаци на следната страна...