Каков костим за капење да одберете според хороскопот?
Вага
Вие не се плашите да пробате нешто ново кое излегува надвор од класичните стандарди. Ви би пробале различен крој и комбинација од повеќе бои. Најмногу ви одговараат сината и белата со силно изразени линии и фигури како дезен во некој експериментален стил.
Скорпија
Вашиот идеален костим за капење изгледа едноставно на прв поглед, но никогаш не досадно. Материјалот е најчесто сјаен, а врвките мора да го најдат своето место за да биде повпечатлив. На вас мора да изгледа секси како што сте и вие. Одлично ви одговара додека се сончате, но и додека чекорите во високи потпетици низ околните барови.
Стрелец
Додека некои вашиот стил го опишуваат како генерално чист и конкретен, нема зошто да не покажете дека може да внесете и нешто ново и свежо. Сакате бои кои привлекуваат внимание и одредени дезени кои не ја истакнуваат премногу вашата женственост и не се премногу наметливи.
Јарец
Другите го опишуваат вашиот стил како софистициран, но тоа не значи дека нема доза на сексапил. Сакате да ги истакнете контурите на телото и претпочитате дезени со крој и линии кои ги следат вашите облини. Класичните модели во комбинација со „кул“ изразена силуета се вашиот избор.
Водолија
Нема што да се разбере околу вашиот стил. Вам не ви е грижа за мислењето на другите, туку сакате нешто што вас ве прави среќни. Тоа се силни и светли бои, дезени кои го одвлекуваат вниманието и интересни принтови. Нема нешто необично што не би го пробале ако ви буди насмевка.
Риби
Дозволете да ве води вашиот слободен дух кога одбирате костим за капење. Целосниот дизајн со одбрана принт композиција и засеците како отвор на нестандардни позиции се она што го привлекува вашето внимание. Не сакате обични класични модели кои прават да се чувствувате премногу релаксирано, туку ви треба нешто повпечатливо.